Европа
Зaпaден Балкан на листата на шест итни приоритети на новата администрација на САД и на Германија

Западен Балкан е на списокот на заедничките надворешнополитички приоритети на новата американска администрација и на Германија, беше истакнато во телефонскиот разговор помеѓу претседателот на САД, Џозеф Бајден, и германската канцеларка, Ангела Меркел.
Во разговорот меѓу двајцата државници, решавањето на ситуацијата на Западен Балкан е ставено на листата на шесте најитни теми, по прашањата поврзани со Авганистан, Кина, Иран, Русија и Украина.
Во соопштението од германската влада се вели дека Бајден ѝ ја пренел на канцеларката желбата да ги продлабочи односите меѓу двете земји и ја изразил својата намера да го заживее трансатлантскиот сојуз, вклучувајќи го НАТО и Европската Унија, како камен-темелник на колективната безбедност и заедничките демократски вредности.
Бајден и Меркел се согласија за заедничките приоритети во надворешната политика, кои ги вклучуваат Авганистан, Кина, Иран, Русија, Украина и Западен Балкан и се согласија за важноста на глобалната соработка, вклучувајќи ја и обновената посветеност на САД кон мултилатералните организации, борбата против климатските промени, пандемијата на Ковид-19, како и продолжувањето на одржливото глобално економско закрепнување, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин: Мојата внука течно зборува кинески

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата внука течно зборува кинески бидејќи нејзината дадилка е од Пекинг. Путин се обидуваше да ги нагласи блиските врски меѓу Москва и Пекинг.
„Споменав дека некои од моите блиски роднини учат кинески, мислев на мојата внука, чија дадилка е од Пекинг. Таа течно зборува кинески со неа“, рече Путин за време на состанокот со странски новинари во Санкт Петербург.
„Русите покажуваат зголемен интерес за учење кинески јазик како што се продлабочуваат економските врски меѓу двете земји. Годишната трговија достигнува 240 милијарди долари“, истакна тој.
Забелешката на Путин понуди редок поглед во личниот живот на рускиот претседател и ги илустрираше блиските врски меѓу двете земји.
Кина не се придружи на меѓународните санкции што ја погодија Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година, туку се позиционираше како клучен трговски партнер.
Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.
Европа
Шпанскиот премиер му пиша на шефот на НАТО: не сака да троши 5 проценти од БДП за одбрана

Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од НАТО да го исклучи од својата цел за зголемување на трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП, според писмото испратено до генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, во кое Ројтерс имал увид.
Санчез побара „пофлексибилна формула“ што или ќе го направи постигнувањето на целта доброволно или ќе ја ослободи Шпанија од неа.
„Посветувањето на целта од 5 проценти не само што би било неразумно, туку и контрапродуктивно, бидејќи дополнително би ја оддалечило Шпанија од оптимално трошење и би ги нарушило сегашните напори на Европската унија за зајакнување на нејзината безбедност и одбрана“, напиша Санчез во писмото.
Тој додаде дека новата цел, предложена од САД, е „некомпатибилна со шпанската држава на благосостојба и шпанскиот поглед на светот“. „Мадрид проценува дека ќе треба да потроши 2,1 процент од својот БДП за да ги задоволи воените потреби на Шпанија“, рече Санчез.