Свет
Илјадници луѓе се вакцинираа против Ковид-19 во Велика Британија
Од почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 неколку десетици илјади луѓе биле вакцинирани во Велика Британија, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на изјавата на британскиот министер за здравство, Мет Ханкок.
„Од денес почнавме со вакцинирање во 73 болници во Велика Британија и десетици илјади луѓе се вакцинирани“, рече Ханкок на прес-конференција откако Маргарет Кенан, 90-годишен Британец, стана првата личност во светот што примила одобрена вакцина од Физер и Бионтек.
Велика Британија е првата западна земја што почна со масовна вакцинација на населението. Вакцината се прима двапати, а од првиот до вториот круг за вакцинирање треба да поминат три недели, потсетува „Ројтерс“.
Велика Британија, со 67 милиони жители, регистрира 1,78 милион заразени и околу 63.000 починати од почетокот на пандемијата и е најпогодена европска земја според вкупниот број смртни случаи од инфекција со коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

