Свет
Итна седница на НАТО поради нападот на турската војска во Сирија
Членките на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) ќе одржат вонредна седница по повикот на Турција поради нападот врз нејзините сили во Сирија, соопшти воената организација.На седницата ќе присуствуваат амбасадори од сите 29 земји членки, а единствената точка на агендата ќе биде разгледување опции според членот 4 на НАТО, во кој е предвидено дека секоја членка може да побара помош од алијансата, доколку смета дека е нарушен нејзиниот територијален интегритет, политичка независност или безбедност.
Во четвртокот имаше голем инцидент во кој загинаа 30 турски војници. Според некои извештаи, војниците биле нападнати од сириската армија приврзана кон Башар ал Асад, поради фактот што припадниците на армијата биле измешани со милитанти, кои Дамас и Русија ги сметаат за терористи.Официјална Москва соопшти дека турските војници биле убиени токму затоа што биле во близина на „терористичките единици“.
Тензиите меѓу Турција и Русија се зголемуваат последниве денови.Москва со години ги поддржува силите на Асад, додека Анкара им помага на бунтовниците на северот на земјата.
Во меѓувреме, Русија испрати два воени брода опремени со крстосувачки ракети до сирискиот брег во Средоземното Море, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на руската Црноморска флота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

