Свет
Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, објави дека се воведуваат санкции и дека меѓу тие компании се наоѓаат и „Локид Мартин“, „Боинг“ и „Рејтеон“, како и одредени лица. Портпаролот не кажа што вклучуваат споменатите санкции за компаниите.
Во исто време, портпаролот на „Боинг“ за „Ројтерс“ изјави дека партнерството на компанијата со кинеската авијациска заедница подразбира долгорочни меѓусебни придобивки и дека „Боинг“ останува посветен на тоа партнерство.
Официјален Вашингтон минатата недела одобри продажба на оружје во вредност од 1,8 милијарда долари на Тајван и покрај предупредувањата на владата од Пекинг дека тоа ќе им нанесе голема штета на односите меѓу двете економски најмоќни земји во светот.
Официјален Вашингтон ветуваше во осумдесеттите години од минатиот век да ја намали и укине продажбата на оружје на Тајван, но инсистира на тоа дека спорот со Пекинг мора да се реши по мирен пат.
„За да ги зачува националните интереси, Кина одлучи да воведе санкции за американските компании вклучени во продажбата на оружје на Тајван“, рече портпаролот на редовната прес-конференција.
Односите меѓу Кина и Соединетите Американски Држави (САД) паднаа на најниско ниво во последните неколку децении, со спорови за безбедноста, технологијата, пандемијата на коронавирусот и човековите права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Канадскиот премиер: Путин се плаши

Канадскиот премиер Марк Карни, на заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц, рече дека Владимир Путин се плаши да се сретне со Володимир Зеленски за да разговара за условите за завршување на војната.
Карни истакнува дека Зеленски е подготвен за средба со Путин на која било неутрална територија. Тој, исто така, вели дека Зеленски не очекува Путин да дојде во Киев или дека самиот ќе патува во Москва за таква средба.
„Сепак, секоја неутрална локација би била прифатлива“, рече Карни.
Тој додаде дека е клучно сојузниците да продолжат да ѝ даваат поддршка на Украина додека не се одржи тој состанок.
Фото: ЕПА
Свет
Пукање во католичко училиште во САД: две деца убиени, напаѓачот се самоубил

Најмалку две лица се убиени, а 20 се повредени во пукање во католичкото училиште „Благовештение“ во Минеаполис, Минесота, САД, потврди полицијата.
Како што е потврдено, две деца, на возраст од 8 и 10 години, се убиени.
More than 20 people were injured and at least two were killed in a tragic shooting incident at Annunciation Catholic Church and its school, located in the southeast neighborhood of Minneapolis, Minnesota, USA, during a morning school Mass.
Among the injured, at least 14 people… pic.twitter.com/9f9WTH2Dof— khaled mahmoued (@khaledmahmoued1) August 27, 2025
Напаѓачот е исто така мртов. Полицијата верува дека напаѓачот, кој си го одзел животот на паркингот пред училиштето, дејствувал сам. Полицијата соопшти дека имал околу 20 години, но сè уште не е познато дали бил поранешен ученик во училиштето.
Вооружен со три оружја, вооружениот човек отворил оган низ прозорците кон децата и другите верници за време на мисата по повод првата недела од школувањето по празниците.
Гувернерот на Минесота, Тим Волц, потврди дека пукањето се случило во католичко училиште и го опиша инцидентот како „страшен чин на насилство“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека е целосно информиран за инцидентот и дека ФБИ брзо реагира и е на местото на настанот. „Молете се за сите погодени“, напиша Трамп на Truth Social.
Свет
Застрелан младоженец на пукање на свадба во Турција

Младоженец почина од повредите здобиени во пукотница на неговата свадба во северна Турција.
Додека младенците се враќале дома по церемонијата, младоженецот, 23-годишниот Али К., бил ранет од истрели наводно испукани од роднина, жена, на неговата сопруга, објави државната агенција Анадолу.
Жената е приведена, а во нејзината градина се пронајдени две нерегистрирани оружја, соопшти агенцијата.
Обвинителите отворија истрага за инцидентот, кој се случил во градот Шебинкарахисар во покраината Гиресун.
Пукањата на свадби се вообичаени во северна Турција. Минатата недела, еден маж беше убиен, а две лица беа повредени на свадба во североисточната покраина Трабзон.
Свадбата беше откажана, а две лица, меѓу кои и еден полицаец, беа приведени во врска со инцидентот, објавија локалните медиуми.