Македонија
Рама, Вучиќ и Ковачевски решија – ќе одат во Брисел на самитот ЕУ – Западен Балкан
Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска на „Твитер“ напиша дека тој, заедно со своите колеги, македонскиот премиер Димитар Ковачевски, албанскиот колега Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе оди во Брисел и ќе учествува на самитот Европска Унија – Западен Балкан.
„Ќе присуствуваме на состанокот на Советот на ЕУ. Нема да има многу што да се чуе за нас, но ќе бараме да бидеме слушнати за идејата за нова европска политичка заедница, која ја поддржуваме, за ‘Отворен Балкан’, кој го промовира духот на Европа, и за нашето киднапирање од Бугарија. Само што слушнав дека нешто денеска се придвижува во Бугарија. Прерано е за оптимизам и премалку за промена на делот од утрешниот говор, каде што Бугарија ќе биде критикувана како земја што киднапирала две земји од НАТО додека има жешка војна на европската граница!“, наведе Рама.
We’ll attend the EU Council meeting. There won’t be much to hear about us but we’ll ask to be heard on the idea of a New European Political Community which we support,on the Open Balkan which takes forward the spirit of Europe & on our kidnapping from Bulgaria which destroys it.
— Edi Rama (@ediramaal) June 22, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

