Свет
Конте објави план за постепено укинување на ограничувањата во Италија

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, најави план за постепено укинување на ограничувањата во земјата по седумнеделната забрана за движење со цел сузбивање на коронавирусот. Конте рече дека граѓаните, без оглед на релаксирањето на мерките, мора да продолжат да ги почитуваат правилата за социјална дистанца.
Од 4 мај ќе се отворат јавните паркови и зелените места и граѓаните ќе може да ги посетуваат роднините што живеат во истиот регион. Градоначалниците имаат право да воведат посебни ограничувања при престојот во паркови за да избегнат метеж, на пример, да одредат максимален број луѓе истовремено.
За време на семејните посети, луѓето ќе треба да носат маски, а останува забрането да се организира забава. Од 4 мај ќе бидат дозволени погреби со најмногу 15 ужалени, кои ќе треба да носат маски. Се препорачува сите погреби да се одржуваат на отворено.
Библиотеките, музеите и галериите ќе бидат отворени од 18 мај. Доколку епидемиолошката состојба не се влоши, малопродажните продавници ќе се отворат на 18 мај, а рестораните, кафулињата и фризерниците на 1 јуни, рече Конте.
Фабриките и градежните работници може да продолжат со работа веднаш штом ќе се воспостават неопходните безбедносни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот. Меѓутоа, Конте рече дека во случај на нов пораст на заболени владата веднаш ќе интервенира и ќе ги забрани индустриските активности.
„Ако луѓето не ги почитуваат новите мерки, работите ќе излезат од контрола, ќе имаме зголемување на смртните случаи, а економијата ќе претрпи непоправлива штета“, рече Конте.
Тој исто така најави дека клубовите за колективни спортови би можеле да почнат со тренинзи на 18 мај, а за индивидуални спортови на 4 мај. Таа одлука значи дека италијанското фудбалско првенство Серија А би можело да продолжи во јуни.
Италијанското Министерство за здравство соопшти дека земјата има најмал дневен број смртни случаи од инфекција на коронавирус од средината на март. Од вирусот се заразени 197.675 луѓе, од кои 26.644 починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.