Регион
Коронавирусот влезе и во студентските домови во Белград

Коронавирусот навлезе и во студентските домови во Белград, каде има околу дваесетина заболни студенти, а епидемиологот на Студентската поликлиника, Мила Пауниќ, наведува дека ситуацијата во овој момент е под контрола.
„Донесена е одлука за изолација на болните студенти и на нивните контакти, со помош на Студентскиот центар, кој најде просторија за изолација“, вели Пауниќ.
Станува збор за дваесет студенти и нивни контакти, кои се во изолација.
„Домовите се густо населени колективи, младите интензивно се дружат, студентските соби се мали и секогаш постои закана дека инфекцијата ќе се шири, но ние правиме сè за да не се случи тоа“, додава таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Сообраќајни казни во Грција и до 1.500 евра

Сообраќајната полиција во Грција ќе ги казни сите возачи ако заборавиле да ја понесат задолжителната опрема за патнички возила и ако не ги почитуваат сообраќајните прописи, а казните може да бидат и до 1.500 евра. Како што е наведено на инстаграм-страницата на здружението „Пресретнувач“, сообраќајната полиција во Грција ќе ги казнува и најмалите пропусти, пишуваат медиумите во регионот.
Според написите, за да избегнат казни, ова здружение ги потсетува возачите што треба да имаат во своите возила. Рефлектирачки елек во кабината, а не во багажникот, безбедносен триаголник поставен на 50 до 100 метри, ПП-апарат (S2 – 2 кг) исправен и со валиден сервис, комплет за прва помош, комплетен и непроменет, и резервно тркало или сет за поправка на гуми.
Тие додаваат дека нема оправдување за истекот на периодот за прва помош, а казната за тоа е 100 евра, за непоставениот триаголник исто така 100 евра, за возење во влечки 50 евра, а за пушење во автомобил со деца казната е дури 1.500 евра, пренесува „Танјуг“.
Здружението апелира до возачите да ги почитуваат сите прописи и да бидат информирани за нив бидејќи контролите се секојдневни.
Регион
Трагедија во Србија: работник затрупан во каменолом, извлекувањето на телото траеше осум часа

53-годишен работник починал кога врз него се срушила голема количина камења во каменолом во подножјето на планината Гоча во централна Србија, јавува Блиц.
Службите за итни случаи, кои биле на местото на несреќата, изјавиле дека можат само да ја потврдат неговата смрт.
Вчера, по речиси осум часа, екипи на специјален тим од Дирекцијата за вонредни ситуации во Крагуевац успеаја да го извлечат телото на работникот.
Во спасувачката акција во каменоломот во Краљево – Гоча, според Блиц, учествуваше и специјализиран тим за урнатини од Дирекцијата за вонредни ситуации во Крагуевац.
Каменоломот во населбата Каменица, во подножјето на Гоча, е во приватна сопственост.
Регион
(Видео) Гореше зграда во Анкара, бебе и двајца возрасни загинаа, 26 лица се повредени

Три лица, меѓу кои и тримесечно бебе, го загубија животот во страшен пожар што избувнал синоќа околу 22:00 часот во станбена зграда со 26 ката во квартот Чанкаја, во главниот град на Турција, Анкара.
Според информациите на турските власти, огнот избувнал на четвртиот кат од зградата, а пламенот брзо се проширил на повисоките катови. Екипите на противпожарната служба работеле скоро четири часа за целосно да го стават под контрола пожарот, објави државниот сервис ТРТ.
На терен биле испратени и екипи на Брза помош, кои згрижиле 26 лица со повреди, од кои 20 биле префрлени во три различни здравствени установи – Анкара Билкент, Етлик болницата и клиниката при Медицинскиот факултет на Универзитетот Гази.
Од повредените, едно лице се наоѓа во критична состојба.
Дополнително, 39 лица, вклучувајќи седум пожарникари, се пожалиле на симптоми на труење со чад и добиле медицинска помош.
Властите започнаа истрага за причините за пожарот, кој ја потресе јавноста во Турција.