Македонија
Лазаревски: Грујевски ми се закануваше дека, доколку не си заминам од МВР, ќе бидам обвинет во случајот „Шпион“
Од МВР си заминав на 31 октомври 2013 година по последната закана од Горан Грујевски, кој ми рече дека, доколку не си заминам, ќе бидам вклучен во процесот „Шпион“, за кој тврдеше дека ќе биде проширен, сведочи Ѓорги Лазаревски, свиркачот што ги извади и предаде незаконски прислушуваните разговори од МВР.
„Со оглед дека во ова бев инволвиран веќе 3 години, не сакав да ризикувам, се советував и со Верушевски. Знаев дека заканата е блеф, но сепак со тешко срце го напуштив МВР. Звонко Костовски, веднаш по моето напуштање, беше службено испратен да се види со мене за моето работење и во тој момент ми остави уште едно ЦД“, вели Лазаревски.
Последната достава на прислушуваните разговори била направена во кафуле под зградата каде што живее Лазаревски на УСБ една недела по неговото заминување од МВР.
„Една недела потоа имаше уште една достава на УСБ и тука мислам дека престана сè бидејќи Звонко не сакаше да ризикува да биде виден со Верушевски“, вели Лазаревски.
Одговарајќи на прашање на Обвинителството, Лазаревски рече дека покрај многуте броеви што биле прислушувани, таргет на УБК бил и Зоран Верушевски заедно со целото негово семејство.
„Прислушувањето на Верушевски траело долго, но не ги извадивме семејните разговори за да не го трошиме и онака ограничениот капацитет“, рече Лазаревски.
Во кривичниот суд, со сведочење на Ѓорѓи Лазаревски, денеска продолжи судењето за предметот за масовното прислушување на СЈО, „Таргет-Тврдина“. Додека траело прислушувањето, Лазаревски работел како инженер во УБК.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

