Македонија
(Видео) ,,Ла верита” објави нова снимка за ,,Рекет”, се слуша и гласот на Катица Јанева
Нова снимка e објавена изутринава на профилот на италијанскиот новинар Ларис Гајсер, којашто е поврзана со случајот „Рекет“ во земјава.
Гајсер најави дека во италијанскиот весник „Ла верита“ ќе објави серија снимки поврзани со корупцијата во земјава. На втората аудио-видеоснимка може да се слушне разговорот меѓу Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и бизнисменот Орце Камчев, но се слуша и гласот на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева.

„Не се секирај за ништо, сè ќе биде ОК“, му вели Јанева на бизнисменот Орце Камчев во еден дел од снимката.
На втората снимка се слуша комплетната верзија од втората „бомба“ на италијанскиот весник.
Италијанскиот весник „ Ла верита“ вчера објави видео на кое се гледа како Боки 13 и Зоки Кичеец со торба со пари излегуваат од домот на Орце Камчев. На видеото се гледа и како се бројат спакуваните пари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

