Топ
Малолетник и 34-годишен маж од Кумановско загинаа во тешка сообраќајна несреќа
Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Б.А. од село Опае, кумановско, удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско, извести МВР.
„Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник од село Опае, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопшти МВР.
Во врска со настанот, од слобода биле лишени возачот на товарното возило Р.П. и одговорното лице на правниот субјект П.М.(55) од скопско. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија
Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија.
Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.
Македонија
(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица
„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор од владините функционери на ДПМНЕ коишто продолжуваат по стапките на нивните претходници од СДС“, велат од Левица.
„Прашањето на пратеникот од Левица, кое не наиде на одговор беше: Зошто и владата предводена од ДПМНЕ, наместо да ја укине т.н. мешовита историска комисија, која е надлежна да ја ‘ревидира’ историјата на Македонија – тие ја ‘реконструираат’, во целост го почитуваат францускиот предлог и договорот со Бугарија?!
За да избегнат одговор на ова прашање, функционерите од ДПМНЕ предизвикаа тепачка во Собранието, провоцирајќи, силејќи и пцуејќи го лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и неговото семејство“, соопшти Левица.
Македонија
СДС со примитивни методи во Собранието го активира насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е во слободен пад, па посегнаа по алтернативни методи во Собранието и на помош го повикаа и активираа насилникот и пудлицата на Венко, Димитар Апасиев од Левица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче во паника и агонија користи нарачано насилство и провокации како единствен начин да го сврти вниманието кон опозицијата во Собранието. Поради тоа СДС го активира насилникот и пудлицата на Венко, Димитар Апасиев.
Примитивни и недолични се обидите на СДС преку нивниот приврзок, Левица и насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев да прават драми во законодавниот дом каде наместо цивилизирана и аргументирана дебата, конструктивни и продуктивни решенија нудат дефокус, политиканство и циркус.
Во текот на вчерашниот ден во видео од неколку секунди јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица.
На виделина излезе целиот примитивизам со кој се служи Филипче, а за профилот на политичкиот циркузант и акробациите на насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев кој во Собранието јавно навредуваше семејства и деца на пратеници, јавноста може самата да суди.
СДС и Левица се елементарна непогода на политичката сцена. Во современа демократија за која се залага ВМРО-ДПМНЕ нема простор за девијантно однесување, циркузанти, политиканство и деструкција.
Време е во политиката да има поинаков пристап. Време е за идеи, проекти и работа во интерес на граѓаните во Македонија.
ВМРО ДПМНЕ со жалење и разочарување гледа на вчерашниот инцидент во Собранието, осудувајќи ги намерите на поедини пратеници од опозицијата да предизвикаат инцидент“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.