Македонија
Минусни температури во целата држава, најстудено во Берово, каде што се измерени -14 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени -14 степени, -13 било на Попова Шапка и Маврови Анови, -12 во Крушево и Крива Паланка, -10 во Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Штип и Куманово, -9 во Велес, Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Демир Капија, -8 во Струмица, Виница, Претор и Кавадарци, -6 во Охрид, -4 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот била 32 сантиметри на Попова Шапка, 8 во Маврови Анови и 1 во Крушево.
Времето денеска
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Случајот со Фросина Кулакова не’ собра, а причина е системот, велат од „Кој е следен“ по обвинувањата дека ја злоупотребиле трагедијата

Точно е дека движењето „Кој е следен?“ настана по сообраќајната несреќа на Партизанска кога загина Фросина Кулакова. Тоа не’ собра како граѓани, а причината е системот кој не функционира. Ова го истакна Борјан Ефтимов од „Кој е следен“, коментирајќи ги обвинувањата на семејството Кулакови дека ја злоупотребиле смртта за нивни интереси и профит.
Ефтимов вели дека секој има право да го каже своето мислење, а тие ќе продолжат да се залагаат за функционален систем и во иднина.
Ефримов тврди дека зад нив не стои ниту една политичка партија, а партиските соопштенија ги третираат како гол популизам.
Претходно, семејството на Фросина Кулакова го обвини здружението дека ја злоупотребило трагедијата. Сестрата на загинатата Фросина, во статус на социјалните мрежи напиша дека ним не им е важна жртвата, туку агендата. Рече дека некој со болен ум, со туѓа трагедија, решил да си прави профит, па така во јавноста се појавила иницијативата „Кој е следен“.
„Кој е следен“ стои и зад протестите по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а денес протестира со столчиња пред Собранието, барајќи да бидат објавени сите документи за работњето на дискотеката низ годините.
Македонија
Движењето „Кој е следен“ со столчиња пред Собрание, бара да се објават документите за „Пулс“

Движењето „Кој е следен“ го почна протестот пред Законодавниот дом со кој бараат правда по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 59 луѓе.
Собраните симболично донесоа столчиња, а видлив е и транспарент на кој пишува: „Собранието заседава, молиме за галама“, откако по трагедијата пратениците одлучија да не заседаваат. Борјан Ефтимов од „Кој е следен“ во таа насока рече: „Како граѓани сме фрустрирани од неактивноста на собранието. Не само овие две недели, Собанието и претходно е пасивно. Кога одат пратениците на одмор, решивме да се собереме и да дискутираме за проблемите“.
Активистот ги повика институциите транспарентно да ја објават документацијата за работењето на „Пулс“. Барањето го упати до Државниот пазарен инспектоарт, Министерство за економија, МВР, Инспекторат за урбанизам, локалната самоуправа во Кочани, Дирекција за заштита и спасување, Управата за јавни приходи и консултативното тело за превенција во Кочани.
„Бараме да се објави документацијата за да видиме дали дали бил извршен надзор врз работењето низ годините откако работела дискотеката“, рече Ефтимов.
Движењето повика да се објави документацијата и за случаите со Беса Транс, Дурмо Турс, Онкологија и модуларната болница.
„Системот не функционира, а јавноста нецелосно информирана за да се заштитат индивидуалци или групи кои владееле со Македонија“, рече тој.
Порача дека морална одговорснот треба да презеде и приватниот сектор. Движењето бара Комората на угостители и нивните здруженија да преземат активни мерки за едукација на членките за да се справат со проблемите и да ги заштитат своите гости, а не да се вкучуваат само кога им треба финансиска помош од државата.
Македонија
(Видео) Шукова: Можеби храната што ја јадеме е под ризик порди излевањето во Крива Река

Се’ што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка, Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива Река и другите реки од тој слив. Излевањето на цијанид и други опасни материјали во Крива Река може да биде една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја. Oва го истакна на прес-конференција, поранешната министерка за животна средина и актуелна потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова по излевањето на отровните материи од рудникот „Тораница“ во Крива Река.
Таа вели дека инспекторатот за животна средина има огромна одговорност во овој случај, и укажа на неопходноста итно да бидат направени анализи и во Пчиња и Вардар.
„Потребно е итно испитување на сите реки и води кои се во допир со водите од Крива Река, вклучително и делови од Пчиња и Вардар. Потенцираме и укажуваме дека можеби храната која јадеме е под ризик“, рече таа.
Партијата изнесе сомнежи и прашува дали ова е случајно или некој свесно ја штити компанијата „Булмак 2016“.
Социјалдемократскиот сојуз повика на темелна и итна истрага за целиот случај и утврдување кривична одговорност.
СДСМ бара оставка од пратеникот Емил Спасовски, за кој велат дека свесно ширеше дезинформации и ја минимизираше катастрофата. Се бара и одземање на еколошката дозвола на „Булмак 2016“, поради сериозни и повторени прекршувања.
Според независните анализи кои ги објави општианта Крива Паланка и градоначалникот Сашко Митовски, концентрацијата на тешки метали, цијаниди и други токсични материи е десетици и стотици пати над дозволеното.