Македонија
Мицкоски: Почист воздух, парите од акцизата за горивото за народот, поевтина струја -тоа е новиот концепт
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа на трибината „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во Гази Баба го презентираше концептот „Македонија за сите луѓе“’ чии политики предвидуваат почист воздух, враќање на парите од акцизата за горивата за проекти за сите граѓани, како и поевтина електрична енергија за домаќинствата и продолжување на животот на РЕК Битола и РЕК Осломеј до 2040 година преку модернизација и инвестирање преку нова методологија.
„Ние во концептот Македонија за сите луѓе во нашите политики ќе понудиме решенија, имаме јасна методологија како да го зголемиме производството на струја, кое сега е некаде на 60% од тоа што беше во 2017 година, нашата методологија е модернизација и инвестирање во еколошки филтри и десулфуризација во двете најголеми производни постојки, РЕК Битола и РЕК Осломеј, и продолжување на нивниот животен век до 2040 година, нешто што е спротивно на она кое го ветува СДСМ и Зоран Заев. Впрочем, колку повеќе ќе се произведува, толку електричната енергија ќе биде пониска и на тој начин со таа методологија, модернизација и инвестирање во еколошки филтри, успешно ќе се справиме со предизвиците и ќе добиеме поевтина електрична енергија за домаќинствата“, истакна Мицкоски.
Тој посочи дека првата политика која е дел од концептот Македонија за сите луѓе е поевтина електрична енергија која ќе се обезбеди со новата методологија, како и сериозни инвестициски циклуси и поевтина електрична енергија за сите домаќинства.
„Најголем процент на загадување на амбиенталниот воздух доаѓа од системот на затоплување на нашите домови, со промена на системот, односно со користење на гасот што ќе биде овозможен од идната општинска и градска власт секое домаќинство ќе добие можност да избере бесплатен приклучок на гас, што идното општинско или градско претпријатие ќе го изведе до секое домаќинство. Планот е во еден четиригодишен мандат најмалку 50% проценти од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, со тоа да се промени системот на затоплување на домаќинствата, а со тоа да имаме почист воздух и поздрави сограѓани“, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски вели дека власта планира повторно зголемување на цената на горивата со наметнување на таканаречен „воен данок“, затоа што буџетот е празен, а сакаат да трошат и да крадат, па потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да го дозволи во Собранието граѓаните да плаќаат поскапи горива заради грабежот што власта го прави, туку парите ќе ги врати назад кај граѓаните и ќе вложува по 10 милиони евра годишно во образованието, во културата, во спортот, вкупно 40 милиони евра во четиригодишен мандат за нови проекти.
„Политиките од нашиот концепт предвидуваат зголемување од акцизата за три денари, плус данок на додадена вредност за дизел горивото, парите кои сега непродуктивно се трошат да се вратат назад кај граѓаните. Годишно се планираат 600-тини милиони денари или 10 милиони евра вложување во образованието, реконструкции на училишта, реконструкции на игралишта, обнова на помагалата во училиштата, вкупно 10 милиони евра од акцизата назад кај граѓаните. Пари кои сега се трошат од страна на оваа влада, ќе бидат наменети за инвестиции во културата, во спортот, вкупно 40 милиони евра во еден мандат, пари кои денеска се крадат наместо да се вложуваат“, порача Мицкоски на промоцијата на новите политики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

