Свет
Научници од Флорида сметаат дека коронавирусот станал уште позаразен со мутацијата
Научници од Флорида веруваат дека докажале дека коронавирусот мутирал и со тоа станал уште заразен, објави Си-ен-ен.
Тие посочија дека се потребни понатамошни истражувања за да се утврди дали мутацијата го променила текот на пандемијата, но се смета дека промените може да објаснат зошто вирусот толку широко се раширил во САД и Латинска Америка.
Станува збор за мутација којашто со недели ги загрижува научниците, пренесува Си-ен-ен. Научниците од Институтот Scripps Research во Флорида, во труд којшто сè уште не е рецензиран, тврдат дека мутацијата се однесува на протеинско шило, структура од надворешната страна на вирусот што го олеснува влегувањето во клетките.
Ако овие заклучоци се потврдат, тоа ќе биде првпат некој да покаже дека промените на вирусот значително влијаат на пандемијата.
Светската здравствена организација (СЗО) оваа недела објави дека досегашните мутации на коронавирусот нема да ја загрозат ефикасноста на идните вакцини.СЗО минатата недела објави дека мутациите не го олеснуваат пренесувањето на вирусот, ниту пак го прават поопасен.
Тим од Институтот во Флорида покажа дека благодарение на мутацијата D614G, вирусот има многу повеќе шила и тие стануваат постабилни што го олеснува продирањето во човечките клетки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

