Македонија
Наќе Чулев: Владата на насилнички начин изгласа закон со кој сака да го скрие криминалот
„Доцна вечерва на седница на Владата се изгласа предлог-текст на законот за Jавно обвинителство. На насилнички начин, спротивно на Уставот и законите и меѓународните правни стандарди, владејачката партија изгласа закон кој во себе содржи до сега невидени одредби со кои сакаат да го скријат криминалот што беше направен во последните три години“, напиша на „Фејсбук“ техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.
Според него, во законот не се прифатени забелешките на експертите и тие се едногласни во констатациите дека овој закон претставува вистинско фијаско.
„Денес паѓаат во вода наводните заложбите на власта за владеењето на правото, а токму тоа е еден од клучните критериуми за започнување на преговорите со ЕУ. Носење системски и круцијален закон без политички консезус и негово изгласување по скратена постапка ќе го поткопа и така кревкиот правен систем и наместо владеење на правото ќе донесе исполитизарано и пристрасно јавно обвинителство креирано по мерка и желба на одредена група луѓе“, вели Чулев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

