Свет
На Бали нема да има туристи до крајот на годинава

На индонезискиот остров Бали нема да биде дозволен влез на туристи до крајот на годинава. Откажан е планот да се отвори островот за посета на странски туристи од наредниот месец.
„На странските туристи нема да им биде дозволено да пристигнат пред крајот на 2020 година поради недоволно подобрување на состојбата со коронавирусот, рече гувернерот на индонезискиот остров Бали.
Бали на крајот на јули ги отвори плажите, храмовите и другите атракции за индонезиските туристи, а локалните власти најавија дека ќе бидат подготвени повторно да примат странски туристи од септември. Сепак, планот е одложен поради зголемувањето на бројот на случаи на Ковид-19 во Индонезија.
Минатата година Бали го посетиле повеќе од шест милиони туристи, но пристигнувањето беше нагло запрено на почетокот на 2020 година поради пандемијата на коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Маск ќе поминува помалку време работејќи за администрацијата на Трамп почнувајќи од мај

Извршниот директор на Тесла и близок советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, рече дека почнувајќи од мај ќе посвети многу помалку време на водењето на Комисијата за владина ефикасност (DOGE), која Трамп ја основа за да ги намали федералните трошоци.
„Веројатно почнувајќи од следниот месец, почнувајќи од мај, времето што ќе го посветам на DOGE ќе биде значително намалено“, рече Маск на конференцијата посветена на резултатите од првиот квартал на Тесла.
Тој додаде дека од мај ќе му посвети многу повеќе време на Тесла, тврдејќи дека „клучната работа“ на комитетот „во голема мера е завршена“.
Тесла вчера објави полоши од очекуваните резултати за првиот квартал, значително под влијание на соработката на Маск со администрацијата на Трамп.
Продажбата на Тесла ширум светот падна нагло од очекуваното во првиот квартал, со само 336.681 испорачани возила во април, што е пад од 13 отсто на годишно ниво.
„Како што е познато, моето време во владата го направи своето“, рече Маск. „Работата што ја работиме таму е навистина многу важна за контролирање на дефицитот што ја влече нашата земја, Соединетите Американски Држави, кон уништување“, тврди тој.
Тој додаде дека DOGE постигнал голем напредок во елиминирањето на отпадот и измамите и ги обвини „оние кои ги добиваат тие пари“ дека се причина за одмазда против Тесла и напади врз него и поврзаните со него.
Според финансискиот директор Ваибхав Танеја, неоправданото непријателство кон Тесла и нејзините вработени „имало влијание на некои пазари“. И покрај тоа, додаде тој, „успеавме да ги продадеме сите залихи на стари модели во САД, Кина и неколку други пазари во светот“.
Свет
(Видео) Илјадници луѓе се молат за папата Франциско на плоштадот Свети Петар

Илјадници католици присуствуваа на молитвата за папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан во знак на почит на поглаварот на Римокатоличката црква кој почина во понеделникот.
Голем број новинари се собраа во близина на плоштадот, кампуваа да ги следат случувањата околу погребот на папата.
Thousands pray for Pope Francis in St. Peter's Square pic.twitter.com/wm6VVNCC51
— Catholic Arena (@CatholicArena) April 21, 2025
Папата Франциско (88) почина во понеделникот рано наутро од последици на мозочен удар и срцева слабост.
Последното збогување ќе се одржи во сабота на 26 април, по миса што ќе започне во 10 часот по локално време. Ковчегот ќе биде пренесен во базиликата Света Марија Велика во Рим каде ќе биде погребан папата.
Папата е роден во Буенос Аирес на 17 декември 1936 година од родители италијански имигранти. Студирал во Аргентина, а подоцна и во Германија.
Во текот на повеќе од една деценија од неговото папство, папата Франциско се обиде да ја реформира бирократијата на Ватикан, да се справи со корупцијата и да одговори на некои од најитните предизвици на Црквата.
Иако беше пофален за неговата понизност и посветеност на социјалната правда, неговото раководство, исто така, наиде на жестоко противење од конзервативците во и надвор од Црквата.
Свет
Израелската војска: Од Јемен е истрелана ракета кон Израел

Израелската војска во средата објави дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел.
Поради лансирањето на ракетата, прогласена е воздушна тревога во Хаифа и уште неколку места на северот на Израел. „Пресретнувачот е лансиран кон проектилот и веројатно успешно го пресретнал“, објави војската на Телеграм.
Од почетокот на војната во Газа, која започна со напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, Хутите во Јемен поддржани од Иран извршија десетици ракетни и беспилотни напади врз Израел.
Овие напади престанаа со прекинот на огнот кој стапи на сила на 19 јануари, но Хутите ги продолжија нападите откако Израел ја продолжи офанзивата врз Газа на 18 март.