Македонија
На шест пункта во Скопје се врши тестирање со брзи тестови

Од денеска на 6 пункта во Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во Поликлиника Ѓорче Петров, Поликлиника Чаир, Поликлиника Ченто, Поликлиника Бит-пазар, Поликлиника Јане Сандански и Поликлиника Млин Балкан. Овие тестови се за детектирање на вирусот Ковид-19, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути.
Брзите тестови ги закажува матичниот лекар според претходно опреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето. Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави проценка дали на пациентот ќе му се земе брис за ПЦР-тести или за антигенски брз тест. Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку „Мој термин“. Мора да се напомене дека и доколку брзиот тест е негативен, но симптомите сугерираат на Ковид-19 тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР-тест.
„Брзите тестови ќе го зголемат капацитететот за тестирање на коронавирусот. Министерството за здравство се труди за што поголем број тестирања со цел регистрирање на позитивните случаи и ниво навремено третирање и изолирање од околината. МЗ контиунирано ќе го зголемува капацитетот како на тестирање со ПЦР така и на тестирање со брзите тестови на територијата на целата држава“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.