Свет
Новиот вид на коронавирус забрзано се шири, спас се бара во вакцините

Речиси 87 милиони луѓе се заразени во светот со коронавирус, а досега се излекувале 61 милион луѓе.Најтешка е ситуацијата во Соединетите Американски Држави, каде имај најголем број на заразени, но и на починати од Ковид-19.
Според експертите, нов вид на коронавирус се шири низ целиот свет, 70 пати позаразен од претходниот коронавирус.Епидемиолозите го гледаат единствениот спас од ширењето на пандемијата кај вакцините за коронавирус, а првите дози веќе се дистрибуирани низ целиот свет.Станува збор за американски и руски вакцини, но и други земји работат на содавање на вакцини со цел да се врати животот во нормала во 2021 година.
Експертите најавуваат дека ќе живееме под маски и мерки подолго време.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 84,47 милиони, што се зголеми за над 541,000 во последните 24 часа, според податоците објавени од Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО, бројот на смртни случаи се зголемил за скоро 8700, приближувајќи се на бројката од 1,85 милиони, пренесува Тасс.
На 5 јануари, Светската здравствена организација доби информации за 84.474.195 случаи и 1.848.704 смртни случаи. Бројот на случаи е зголемен за 541.811, а на смртни случаи за 8.696. Скоро половина од пријавените случаи во изминатите 24 часа биле регистрирани во Северна и Јужна Америка (266.499), потоа во Европа (202.958) и Југоисточна Азија (26.070).
Најмногу потврдени случаи се регистрирани во САД – 20.470.169, потоа во Индија (10.356.844), Бразил (7.733.746), Русија (3.284.384), Велика Британија (2.713.567), Франција (2.615.185) и Италија. (2.166.244), Шпанија (1.893.502), Германија (1.787.410), Колумбија (1.675.820), Аргентина (1.640.718) и Мексико (1.448.755).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пожар во затвор во Сплит, неколку затвореници хоспитализирани

Неколку затвореници се повредени во пожарот во сплитскиот затвор Билице, кој е изгаснат, соопшти денес Сплитскиот противпожарен оперативен центар.
Како што е наведено, затворскиот персонал го изгаснал пожарот што избувнал синоќа, а пожарникарите ги евакуирале затворениците, од кои неколку побарале медицинска помош поради вдишување чад и биле пренесени во сплитската болница.
„Добивме дојава за пожар во една од ќелиите на затворот околу 21:30 часот, а по пристигнувањето на пожарникарите затворскиот персонал веќе го изгаснал пожарот во најголем дел, а пожарникарите веднаш ги евакуирале затворениците“, изјавиле за Хина од Противпожарниот центар.
Свет
Фицо: Не повикувам на укинување на демократијата, но ЕУ треба да размисли за промена на системот

За време на вчерашната посета на Узбекистан, словачкиот премиер Роберт Фицо посочи дека авторитарните држави можат да бидат економски поефикасни од демократиите и повика на преиспитување на европскиот демократски модел.
Фицо рече дека Европа треба да размисли за реформирање на својот систем на управување базиран на слободни избори за да остане глобално конкурентна. Тој ги пофали земјите како Узбекистан, Кина и Виетнам за нивната способност да дејствуваат порешително по економските прашања.
Кога новинарите го прашаа, Фицо појасни дека не повикува на крај на демократијата, но тврдеше дека вклучувањето премногу политички партии во донесувањето одлуки ја ослабува способноста на државата да дејствува.
„Ако имате сто политички партии, не можете да се натпреварувате“, рече тој.
„Ако владата се состои од четири политички субјекти, не можете да се натпреварувате“, додаде тој.
Фицо, кој се врати на власт во 2023 година за да го преземе својот четврти мандат, се соочи со масовни протести во последните месеци, а критичарите го обвинуваат за авторитарни аспирации и водење проруска надворешна политика.
Свет
Орбан: Дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите, оваа војна не може да се добие

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на Украина ѝ е потребно примирје, преговори и мир, како и дека „дипломатите треба да ја преземат контролата од генералите“. На состанокот на парламентарната група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, рече дека политичарите кои се залагаат за војна сакаат луѓето да веруваат дека војната мора да продолжи, објави унгарската агенција МТИ.
„Ве уверувам дека оваа војна не може да се добие, нема решение на бојното поле, само мртви, страдање и уништување“, истакна тој. Унгарскиот премиер, исто така, рече дека неговата земја е „црна овца“ на Европската Унија и кошмар за Брисел, додека претставува надеж за европските патриоти.
„Не сакаме Брисел да воведе воена економија под изговор на војна, не сакаме да зема огромни кредити, да ги федерализира парите на земјите-членки и да ги вовлекува нашите земји во трка во вооружување. Ве молам да ги запрете“, им рече Орбан на учесниците на состанокот.
Според него, Брисел ѝ се заканува и ја уценува Унгарија со финансиски санкции затоа што не ги пушта мигрантите во земјата, но Будимпешта попрво ќе им плати отколку да им дозволи на мигрантите да ја уништат безбедноста на унгарските градови и улици. „Се бориме за нашите семејства и татковина, дури и ако треба да се соочиме со целата бирократија на Брисел“, заклучи унгарскиот премиер, пренесува Танјуг.