Свет
Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата
Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат од универзитетскиот кампус. Десетици демонстранти се обидоа да избегаат од кампусот по ноќта полна со насилство во полуавтономната кинеска територија, откако беа блокирани поголемите патишта, еден мост беше запален и еден полицаец беше погоден со стрела. 38 лица се повредени, соопшти Градскиот здравствен оддел.
„Ројтерс“ цитираше сведоци дека некои демонстранти имале изгореници од хемикалии од водените топови, испукани од полицијата. Како што објави локалниот РТК, многу луѓе биле уапсени во близина на универзитетот додека активисти запреле сообраќај во блиската трговска област Натан Роуд и ги принудиле сопствениците да ги затворат трговските центри и продавници.

Полицијата ги повика сите барикадирани студенти на Политехничкиот универзитет да го предадат оружјето и другите опасни предмети, да ги отстранат гасните маски и да го напуштат кампусот мирно.
Полицијата вчера ги опколи демонстрантите во обид да ги спречи да го напуштат големиот универзитетски комплекс и да ги ослободат околните улици по дводневна блокада.Стотици демонстранти во текот на целиот ден се бореа со полициските водени топови и оклопните возила низ целиот Политехнички универзитет.

Еден полицаец во Хонг Конг беше застрелан во неделата кога полицијата употреби солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите кои го окупираат кампусот на универзитетот.
Фотографиите, објавени на полициската страница на „Фејсбук“, покажуваат дека стрела удрила во полицискиот службеник во долниот дел на ногата, а полицијата соопшти дека е пренесен во болница. Политехничкиот универзитет во Хонг Конг е еден од бројните универзитетски кампуси, кои во последните неколку недели се користеа како место за собирање на демонстрантите. Полицијата го прогласи кампусот за „место на нереди“, што значи дека на насилниците им се заканува казна затвор до 10 години.Се проценува дека на кампусот се забарикадирани околу 800 демонстранти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

