Европа
(Од минута во минута) САД и Велика Британија воведоа нови санкции, Русија тврди дека уништиле странско оружје во Харков
Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 42. ден
Клучни настани
- Унгарскиот премиер Виктор Орбан разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Тој повика на прекин на огнот во Украина и рече дека, доколку Русија го побара тоа, Унгарија е подготвена да го плати рускиот гас во рубли.
- САД и Велика Британија воведоа нови санкции кон Русија, а мета се и ќерките на Владимир Путин
- Украина предупредува дека се подготвува голем напад на истокот на земјата и ги повикува цивилите да се евакуираат
- Британците велат дека Мариупол продолжува да биде силно бомбардиран од руските сили, а 160.000 луѓе преживеале во катастрофални услови
- Телата во Буча биле снимени 10 дена пред градот да биде вратен под украинска контрола, соопшти британското разузнавање
- Рускиот амбасадор во ОН рече дека Русија „мора да го отсече малигниот тумор на нацизмот што ја јаде Украина“.
- Индија ја менува реториката поради Буча
Од минута во минута:
21:35 (Видео) Америка испрати во Украина 100 „дронови камикази“
Станува збор за мали дронови кои носат боеви глави и паѓаат во цели. Тие можат да се носат во ранец и се лансираат од мала цевка. Најмалиот модел може да погоди цел и до 10 километри, тврди компанијата што ги произведува.
21:30 Русија: Уништивме странско оружје во Харков
Руските сили уништија складиште за гориво во Харков со проектили, објави руската прорежимска новинска агенција РИА, повикувајќи се на Министерството за одбрана.
Според Министерството, руските сили уништиле и украинска воена опрема и „странско оружје“ на железничка станица во истиот регион.
Претходно, вицепремиерот на Украина Ирина Верешчук рече дека локалните власти во источна Украина ги повикуваат цивилите да се евакуираат во очекување на руски напад.
Харков, вториот по големина град во Украина, претрпе значителни напади од почетокот на инвазијата, принудувајќи многу жители да ги напуштат своите домови.
21:20 Украина: Ракетирана железничка станица во источна Украина, има мртви
Украинските железници соопштија дека три ракети погодиле железничка станица во источна Украина.
21:00 „Њујорк тајм“: Објавено видео на кое се гледа како Украинците убиваат руски затвореници
Видео објавено во понеделникот, потврдено од „Њујорк Тајмс“, наводно, прикажува група украински војници како убиваат заробени руски војници во село западно од Киев.
„Сè уште е жив. Пукајте во овие окупатори. Видете, тој е сè уште жив. Едвај дише“, вели мажот додека на снимката се гледа руски војник со јакна навлечена над главата. Се чини дека Русинот е ранет, но се уште дише.
Војникот потоа пука во човекот, кој продолжува да се движи, а војникот потоа повторно пука во него. Тогаш човекот престанува да се движи.
Покрај жртвата, може да се забележат уште тројца руски војници, од кои едниот има рана на главата, а рацете му се врзани зад грб. Сите се облечени во униформи, а тројца имаат бела лента на ракавите, која обично ја носат руските сили во Украина. Опрема е расфрлана околу нив, а на главите на руските војници се забележуваат дамки од крв.
Мажите лежат на патот во близина на оклопното возило БМД-2 што го користат руските сили. Понатаму на патот може да се забележат други уништени возила.

Видеото е снимено на патот десетина километри југозападно од Буча. Таму, Украинците затекнаа стотици тела во цивилна облека по повлекувањето на Русија, што предизвика низа обвинувања дека Русите убиваат цивили во тоа место.
Снимката, според „Њујорк Тајмс“, најверојатно била направена на или околу 30 март, кога Украинците нападнале руски конвој додека Русите се повлекувале од помалите градови западно од Киев. Во последните недели имаше жестоки битки меѓу Украинците и Русите. На 4 април, Оз Катерји, слободен новинар, објави на Твитер снимки и фотографии од уништениот автомобил и напиша дека украинските војници му рекле дека Русите биле нападнати од заседа пред 48 часа.
И украинското Министерство за одбрана објави твит за уништувањето на рускиот конвој. Тие го нарекоа нападот „прецизна работа“ на украинската армија.
„Тие воопшто не се луѓе“, вели украински војник на видеото додека оди меѓу уништените возила, додавајќи дека заробиле двајца руски поручници.
20:50 Бајден: Санкциите ќе ги избришат последните 15 години руски напредок
„Одговорните нации мора да се обединат и да ги казнат сторителите. Заедно со нашите партнери и сојузници ќе продолжиме да ја зголемуваме цената на војната за Путин, да му нанесуваме болка и дополнително да ја изолираме Русија економски“, рече Бајден.
Пожар избувна во вила на рускиот телевизиски водител Владимир Соловлев на брегот на езерото Комо во северна Италија, соопштија пожарникарите.
Ѕидовите на неговата вила во близина на езерото биле исшарени, а црвената боја била фрлена во базенот, велат истражителите.
На ѕидовите е испишано „Убиец“ и „Стоп за војната“.

19:45 Кулеба ќе бара повеќе оружје од Г7 и НАТО
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека планира да упати апел до своите колеги од Г7 и земјите од НАТО да го исполнат барањето на Украина да биде снабдена со доволно оружје за да им се спротивстави на руските сили.

19:00 Финска конфискуваше скапи уметнички дела, Русија ги позајмила на музеи во Италија и Јапонија
Финската царинска служба соопшти дека го стопирала враќањето на уметнички дела вредни околу 42 милиони евра во Русија поради санкциите на Европската унија и најави дека ќе се консултира со Брисел што ќе се случува понатаму.
Минатиот викенд царинските служби заплениле три транспорти на слики, статуи и антиквитети кои биле позајмени во музеите во Италија и Јапонија, а враќањето било извршено преку Финска.
18:30 САД: Масакрот во Буча беше многу, многу намерен
Висок претставник на американското Министерство за одбрана рече дека САД проценуваат дека руските сили целосно се повлекле од областа Киев и Чернигив „за да се консолидираат и повторно да се опремат во Русија и Белорусија“.
Официјалниот претставник додаде дека Русија сè уште целосно го нема преземено Мариупол, иако градот е целосно опколен. Од почетокот на инвазијата, Русија лансираше повеќе од 1.450 проектили на територијата на Украина, додаде тој.
Масакрот во Буча, според проценките на САД, бил „претходно планиран“ и „многу, многу намерен“, рече официјалниот претставник, додавајќи дека во моментов е „тешко да се знае што ги мотивирало руските војници да извршат такви злосторства, но светот доби јасна порака за руската бруталност“.
18:15 Полска објави водич за граѓаните во случај на војна, негира дека тоа е поврзано со Украина
Водичот наведува што да се прави во случај на напад со различни видови оружје, од конвенционално до хемиско и нуклеарно. Опишани се и системите за јавно предупредување што се користат во такви случаи.
Водичот ги советува граѓаните да се снабдат со вода, храна, лекови и батериски светилки во случај на прекин на електрична енергија.
Umiejętność radzenia sobie w sytuacjach zagrożenia jest niezwykle istotnym elementem budowania odpornego społeczeństwa.
„Bądź gotowy” to ostatni materiał, który został przygotowany przez @RCB_RP.?Poradnik?: https://t.co/qED28khn87
?Film?: https://t.co/P7EyOWdyXx pic.twitter.com/dUu0CY7QPX
— Rządowe Centrum Bezpieczeństwa (@RCB_RP) April 5, 2022
17:30 Велика Британија воведе нови санкции за Русија
Британската влада најави нов пакет санкции против Русија како одговор на „ужасните напади врз цивили“, пренесува „Скај њуз“.
Обединетото Кралство најави дека ќе го прекине целиот увоз на руски јаглен и нафта до крајот на оваа година.
Покрај тоа, Британија ќе ги замрзне сите средства на Сбербанк, најголемата руска банка и ќе стави крај на сите британски инвестиции во Русија.
17:15 ОН: Најмалку 1.563 цивили се убиени од почетокот на инвазијата во Украина
Најмалку 1.563 цивили се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права. Во соопштението се наведува дека најмалку 2.213 цивили се повредени.
Оттука додаваат дека „вистинските бројки се веројатно многу повисоки“.
16:50 Америка воведе санкции за ќерките на Путин и семејството на Сергеј Лавров
Белата куќа објави нов пакет санкции против голем број членови на руската политичка елита, меѓу кои и ќерките на рускиот претседател Владимир Путин и роднините на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, поточно неговата сопруга и ќерка.
Како што се наведува, тоа е одговор на администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден на масакрот на цивилите во Буча.
Бајден на Твитер објави дека најавува „нов пакет деструктивни санкции“.
I made clear that Russia would pay a severe and immediate price for its atrocities in Bucha. Today, along with our Allies and partners, we’re announcing a new round of devastating sanctions. https://t.co/LVqTDIOSvz
— President Biden (@POTUS) April 6, 2022
16:40 Франција: Масакрот во Буча не смее да остане без одговор, подготвени сме на драстични мерки
Франција го нарече масакрот на цивилите во Буча „нов чекор во ужасот“ и вети дека ќе стори сé што е можно за таквото злосторство да не помине неказнето.
Франција се залага за уште построги санкции против рускиот режим, изјави портпаролот на француската влада Габриел Атал на денешната прес-конференција.
16:30 НАТО: Нема индикации дека Путин го променил планот за Украина
Генералниот секретар на НАТО им се обрати на новинарите во Брисел, каде попладнево се состануваат министрите за надворешни работи на НАТО.
„Не видовме никакви индикации дека претседателот Путин го променил својот план да ја контролира цела Украина и да го промени меѓународниот поредок“, рече Јенс Столтенберг.
16:00 Индија ја менува реториката поради Буча
Индија остро го осуди масакрот на цивилите во Буча и повика на независна истрага.
Станува збор за промена на реториката на Индија, која веќе некое време е под значителен притисок од Западот да ја осуди руската инвазија, што сè уште не го сторила.
„Неодамнешните извештаи за убиствата на цивили во Буча се длабоко вознемирувачки“, рече Т.С. Тирумурти, претставник на Индија во ОН, на седницата на Советот за безбедност.
15:40 Украина: Русите го гранатираат најисточниот град под наша контрола, горат десет згради
Северодонецк, кој пред војната имал повеќе од 100.000 жители, е најисточниот град во рацете на украинската армија, многу блиску до линијата на фронтот со проруските сепаратистички територии.
15:15 Орбан: Ако Русите побараат, ќе плаќаме во рубли
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и побарал од него да спроведе прекин на огнот во Украина.
На прес-конференцијата, Орбан го изнел и својот став во однос на плаќањата за руските енергенси.
„Ако Русите побараат, ние ќе плаќаме во рубли“, рекол унгарскиот премиер
14:05 Зеленски: Најмалку 167 деца убиени за време на руската инвазија на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 167 деца биле убиени за време на руската инвазија на Украина, но тој број веројатно е поголем.
„Факт е дека најмалку 167 деца беа убиени за 42 дена. Сè уште не знаеме за сите злосторства во Мариупол и други украински области, каде борбите се уште траат“, рече Зеленски пред ирскиот парламент.
Според него, руските сили нападнале 927 образовни институции, 258 болници и 78 амбулантни возила.
13:50 Џонсон: Убиствата во Буча не се далеку од геноцид
Британскиот премиер Борис Џонсон го осуди масакрот во Буча.
„Се плашам дека кога гледаме што се случува во Буча, кога гледаме што направи Путин во Украина, тоа не е далеку од геноцид. Не е ни чудо што луѓето реагираат на начинот на кој реагираат. Не се сомневам дека меѓународната заедница, во прв ред Велика Британија, ќе почне повторно со воведување на повеќе санкции и повеќе казни за режимот на Владимир Путин“, рече Џонсон.
13.25 Зеленски: Русија го користи гладот како оружје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред ирскиот парламент преку видео врска истакна дека Русија го користи гладот како оружје во обидите да освои територии во Украина.
13:10 Руски олигарх: Путин мобилизира луѓе од помали места, им плаќа на роднините да молчат
Рускиот олигарх во егзил Михаил Ходорковски смета дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се соочи со голема политичка реакција доколку продолжи да испраќа војници на украинското бојно поле.
12.50 Меркел повеќе не сака да коментира за Русија
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во моментов не планира повеќе јавно да зборува за Русија
12.30 Песков: Повлекувањето на Русија од регионот Киев е гест на добра волја
Русија ги повлече своите војници од регионот на Киев по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, како гест на добра волја во преговорите со украинската страна, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека наводите за плановите на руските власти за убиство на украинскиот претседател Владимир Зеленски се неточни, пренесе РИА Новости.
11.45 Мишел им порача на руските војници: Ако не сакате да бидете криминалци, фрлете го оружјето
Европската Унија порано или подоцна ќе мора да се откаже од рускиот гас и нафта за да изврши дополнителен притисок врз Русија да ја запре агресијата врз Украина, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
11:35 ЕУ им се заканува на Русите со санкции за гас и нафта
Европската унија ќе воведе дополнителни санкции кон Русија, покрај последниот пакет мерки објавен вчера, а кои најверојатно ќе вклучуваат мерки против увозот на руска нафта, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.
„Овие санкции нема да бидат последни“, изјави фон дер Лаен пред Европскиот парламент за време на презентацијата на последниот пакет санкции, кој вклучува забрана за купување руски јаглен, пренесува „Ројтерс“.
10:30 Захарова: „Зеленски, распушти се“
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова му предложи на украинскиот претседател Владимир Зеленски да се самораспушти.
10.15 Денеска се отвораат 11 коридори за хуманитарна евакуација
Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук изјави дека за денеска е договорено отворање на 11 хуманитарни коридори за евакуација на цивили.
09:50 Украинските власти во Луганск ги повикaa жителите да се евакуираат
Властите во источниот украински регион Луганск се надеваат дека ќе ги евакуираат цивилите преку пет хуманитарни коридори и ги повикаа жителите да си заминат додека е безбедно.
Украина објави дека руските трупи се прегрупираат и се подготвуваат за нова офанзива во регионот на Донбас, кој го опфаќа и Луганск.
9:35 Првиот човек на американската армија: Расте можноста за значаен меѓународен конфликт
Висок американски воен офицер им кажал на застапниците во Конгресот дека светот станува сè понестабилен и дека потенцијалот за значителен меѓународен конфликт се зголемува наместо да се намалува. Началникот на Здружениот генералштаб на САД, генерал Марк Мили, и секретарот за одбрана, Лојд Остин, се појавија пред Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом во нивното прво сведочење пред Конгресот по руската инвазија на Украина, јавува Си-ен-ен.
9:12 Британското разузнавање објави нова сателитска снимка за Буча
Според објавеното телата на украинските цивили лежеле на улицата во Буча најмалку десет дена пред градот да биде вратен под украинска контрола, соопшти британското Министерство за одбрана во новиот разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина.
9:10 Автомобил удри во оградата на руската амбасада во Букурешт – возачот изгоре зад воланот
Возило утрово удрило во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт
9:00 Зеленски: ОН не се способни да ги извршуваат функциите за кои се создадени
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одржа своето веќе традиционално ноќно обраќање до нацијата. Тој рече дека Обединетите нации „во моментов не се во можност да ги извршуваат функциите за кои се создадени“.
8:50 Џонсон: Рускиот народ заслужува да ја знае вистината за Украина
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска апелираше до Русите, повикувајќи ги „да се информираат од независни извори“ за, како што рече, „злосторствата извршени од нивните војници во Украина“ и рече дека „нема да поддржат војна ако ја знаат вистината“.
8:40 Украинска армија: 400 луѓе исчезнаа од Хостомел
Околу 400 жители на киевското предградие Хостомел исчезнаа за време на 35-те дена од руската окупација, изјави шефот на локалната украинска воена управа.
8:30 Русија продолжува да го гранатира Мариупол
Руските воздушни напади и интензивните борби продолжуваат во опколениот украински град Мариупол, соопшти во средата британското воено разузнавање
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 6 April 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/3Oz7eZieEQ
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/6hxubnBabH
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) April 6, 2022
8:20 Состанок на министрите на земјите од НАТО, САД и ЕУ – подготвуваат нови санкции
Во Брисел денеска почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. На состанокот ќе се разговара за тоа како најдобро да ѝ се помогне на Украина.
8:10 Украинците објавија видео: Овој човек е одговорен за масакрот на цивилите во Буча
Почна „ловот на месарот од Буча“, ветеран за кој постои основано сомневање дека е одговорен за ужасни и масовни злосторства во предградијата на украинската престолнина Киев, јавуваат украинските разузнавачки служби.
This is Omurbekov Azatbek Asanbekovich the commander of unit 54 160 who committed the #Bucha massacre.
In #Russia, the mothers of soldiers denounced the violence that reigned in this unit, the hazing, extortion, and the arbitrary power of these commanders. pic.twitter.com/W3aAkVcLcv— Russian war crimes (@WCrimesRussian) April 5, 2022
8:00 Вашингтон најави уште 100 милиони долари помош за Украина
САД најавија дека ќе испратат дополнителна помош за Украина во износ од 100 милиони долари, за таа земја да се спротивстави на руската инвазија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Данската премиерка од Гренланд: Се наоѓаме во сериозна ситуација
Данската премиерка Мете Фредериксен го посети Нук, главниот град на Гренланд, на разговори со лидерот на територијата, Јенс-Фредерик Нилсен. Посетата доаѓа по напната недела во која американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од заканите за преземање на арктичкиот остров и се согласи на разговори.
Тензиите се смирија откако Трамп во средата ја отфрли можноста за воена акција и објави на социјалните мрежи дека е постигната „рамка за иден договор за Гренланд“ по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Давос, јавува Би-би-си.
Знак на поддршка и дипломатски пат
Деталите од договорот сè уште не се познати. Премиерката Фредериксен долета директно од Брисел, каде што се сретна со Руте во петокот наутро. Според неговата најава, тие се согласиле да „го зајакнат одвраќањето и одбраната на Арктикот“.
По пристигнувањето во Нук, Фредериксен беше пречекана од Нилсен. „Пред се, денес сум во Гренланд за да ја покажам нашата силна данска поддршка за народот на Гренланд“, изјави таа за новинарите. „Ова е многу тешко време, секој може да го види тоа“.
„Се наоѓаме во сериозна ситуација. Тоа го гледаат сите. Сега постои дипломатски, политички пат што ќе го следиме“, додаде таа, објаснувајќи дека нејзината посета е „работна“ за да се подготват „следните чекори“.
Трамп во четвртокот за „Фокс њуз“ изјави дека САД „добиваат сè што сакаат без никакви трошоци“ и дека „дел“ од неговиот планиран систем за ракетна одбрана „Златна купола“ ќе биде поставен на Гренланд. На прашањето дали станува збор за „преземање“, тој рече: „Тоа е целосен пристап. Нема крај, нема временско ограничување“.
Европа
(Видео) Шведски ловци пресретнаа руски борбени авиони над Балтикот, Русија објави снимка од летот
Борбени авиони на шведските воздухопловни сили вчера, 22 јануари, пресретнаа руски бомбардер Ту-22М придружуван од два ловци Су-35С над Балтичкото Море.
Средбата се случила во меѓународен воздушен простор во близина на воздушниот простор на НАТО, што ја истакнува фреквенцијата на руските воздушни мисии кои рутински предизвикуваат реакции од воздушната полиција на Алијансата, објави „Army Recognition“.
Under gårdagen identifierade den svenska incidentberedskapen två ryska stridsflyg av typen Su-35S och ett ryskt bombflyg av typen Tu-22M över Östersjön. Svenskt stridsflyg markerade närvaro och säkerställde att flygrörelser i vårt närområde inte går förbi obemärkt. #NATO #svfm pic.twitter.com/7LCvOjfVEf
— Försvarsmakten (@Forsvarsmakten) January 23, 2026
Шведските авиони за брза реакција (QRA) беа активирани откако мрежите за надзор открија руска формација над Балтикот, област со густ воен сообраќај каде што летовите често се одвиваат без транспондерски сигнали или најавени планови за лет.
Во согласност со стандардната практика на воздушно полициско работење на НАТО, шведските ловци визуелно ги идентификуваа авионите, ги следеа на безбедно растојание и потврдија дека нивната траекторија остана надвор од воздушниот простор на Алијансата.
Руското Министерство за одбрана денеска објави видео на кое се прикажани два бомбардери со долг дострел Ту-22М3 во, како што наведува, „планиран лет“ над неутралните води на Балтичкото Море. Москва соопшти дека летот бил извршен во целосна согласност со меѓународното право, пренесува „Еуроњуз“.
Bombowce dalekiego zasięgu Tu-22M3 wykonały lot nad Morzem Bałtyckim w eskorcie myśliwców Su-35S i Su-30SM…
Na niektórych odcinkach trasy, rosyjskie samoloty były śledzone przez myśliwce innych państw… pic.twitter.com/66ANltPOuV
— Tomek Niewęgłowski (@tomek525) January 23, 2026
Министерството во соопштението наведува дека бомбардерите биле придружувани од борбени авиони Су-35 и Су-30 и дека летот траел околу пет часа.
„Придружбата ја обезбедиле екипажите на борбените авиони Су-35 и Су-30 на Воздухопловните сили. Времетраењето на летот било околу пет часа. Во одредени фази од рутата, бомбардерите биле придружувани од борбени авиони на странски земји“, се вели во соопштението.
Москва нагласи дека сите летови на руските воздухопловни сили се извршуваат во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор и редовно се одвиваат над неутралните води на Арктикот, Северноатлантскиот, Тихиот Океан, Балтичкото и Црното Море.
Европа
Украинскиот министер за одбрана: Разговаравме за параметрите за завршување на војната
Во Абу Даби се одржа трилатерален состанок на украински, американски и руски делегации за да се разговара за параметрите за завршување на војната и идниот процес на преговори, објави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров на социјалната мрежа Икс.
Покрај Умеров, украинската делегација ја сочинуваа Кирил Буданов, Давид Арахамија и Сергеј Кислицја. Специјалниот претставник Стив Виткоф, Џаред Кушнер, Џош Груенбаум и генералите Даниел Дрискол и Алексус Гринкевич присуствуваа на консултациите во име на САД. Руската делегација ја сочинуваа претставници на военото разузнавање и вооружените сили.
In Abu Dhabi, together with Kyrylo Budanov, @arakhamia_david , and @SergiyKyslytsya, we took part in a trilateral meeting involving the Ukrainian, American, and Russian sides. We appreciate the U.S. mediation.
On the U.S. side, the consultations included Special Envoy…
— Rustem Umerov (@rustem_umerov) January 23, 2026
Централна тема на состанокот беа параметрите за завршување на војната и понатамошната логика на процесот на преговори со цел постигнување достоен и траен мир. Дополнителни состаноци се закажани за утре, кога на украинскиот тим ќе му се придружат началникот на Генералштабот, генерал Андриј Хнатов, и заменик-началникот на Службата за одбранбено разузнавање на Украина, генерал-потполковник Вадим Скибицки.
Умеров изјави дека по секоја фаза од преговорите, до украинскиот претседател Володимир Зеленски се доставува извештај. Тој нагласи дека украинскиот тим дејствува координирано во рамките на задачите поставени од претседателот и е подготвен да работи во различни формати, во зависност од текот на дијалогот.

