Контакт

Топ

“Пинк”: Мајката и сестрата на Коста фатени на граница со Македонија

Објавено пред

Српската телевизија „Пинк“ објави дека мајката и сестрата на убиецот Коста Кецмановиќ кој изврши масакар во училиштето „Владислав Рибникар“ се обиделе да ја напуштат државата.

dobivaj vesti na viber

Запрени се на граничниот премин „Прохор Пчински“, кон Македонија, пренесува „Пинк“.

„Макфакс“ ја проверува информацијата со домашните органи, за тоа, дали семејството Кецмановиќ се запрени на српска или македонска страна. Повеќе детали се очекуваат за подоцна.

Дека постои можност семејството Кецмановиќ да ја напушти Србија, алармираа српски безеднсносни експерти. Тие посочуваа и дека нивните животи се загрозени. Таткото на Коста е во затвор, додека детето убиец и натаму е на психијатрија.

Македонија

Мециновиќ: Скопје се разбуди, надежта ќе ја претвориме во реалност во вториот круг

Објавено пред

Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Левица кој влезе во вториот круг на Локалните избори им се заблагодари на граѓаните кои му ја дале поддршката и посочи дека искреноста и креативноста и натаму допираат до луѓето.

dobivaj vesti na viber

„Скопјани мои најмили, ви благодарам од сѐ срце, за сите кои го дадоа својот глас, сите волонтери и активисти, сите кои агитираа, споделуваа и крајно веруваа дека Скопје заслужува повеќе. Она кое го изградивме во изминатите недели е показател дека искреноста и креативноста и понатаму допираат до луѓето.

Почнавме, додава тој, со замисла дека политиката може повторно да делува човечки.

„Сега кога веќе дојдовме до вториот круг, изборот е јасен: стариот систем кој го истроши градот и новиот кој заедно го градиме, кој ќе го стави колективниот интерес пред партискиот. Ова движење никогаш не се однесуваше на мене како кандидат, туку на сите скопјани кои одбраа да се надеваат наместо да се предадат.
Надежта ќе ја претвориме во реалност во овој круг – со храброст, достоинство и неизмерна љубов кон сопствениот град.
Скопје се разбуди. Сега сопствените соништа ќе ги види на јаве“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Не сум фокусиран на противникот затоа што противник и немам, тука сум за народот, вели Ѓорѓиевски и најавува посилно темпо

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој наспроти очекувањата, не победи во прв круг, вели дека уште денес ќе продолжи да работи на конечна победа. Ќе им понуди соработка на сите кандидати кои не влегуваат во вториот круг, а со противникот нема да се занимава оти смета дека го нема.

dobivaj vesti na viber

„Уште од денес ќе разговарам со сите кандидати и политички структури кои не влегуваат во вториот круг. Ќе понудам соработка затоа што на Скопје му треба работа, а не политика. Тимот кој ќе го води Скопје ќе биде составен исклучиво од најдобрите. Овој град изгуби премногу време во експерименти. Доста е. Да засукаме ракави и да покажеме дека треба работа“, рече Ѓорѓиевски.

Во вториот круг очекува поддршка од сите граѓани без оглед на политичките партии оти првиот круг покажал недвосмислена победа.

„Јас очекувам да ме поддржат сите граѓани на главниот град. Јас не водам политика, работник сум и сум човек од народот. Нудам подадена рака. Трипати поголема е мојата предност од секој што е зад мене. И дома, во местото каде што живеат,  три спрема еден е мојата победа. Очекувам да расте, на скопјани им е доста од експерименти“, вели Ѓорѓиевски.

Негов противник во вториот круг е Амар Меџиновиќ од Левица со кого вели дека нема да се занимава исто како што не се занимавал и досега со противниците.

„Освен што нудев проекти во првиот круг, не се занимавав со противниците. Некои од нив се осудија и семејството да ми го нападнат, но тоа е ниво на политика кое нема да го видите од моја страна. Тука сум за проблемите на граѓаните, а не за лични битки. Не сум фокусиран на противникот затоа што противник и немаме, јас сум фокусиран на народот, што повеќе раце да стиснам во вториот круг, што повеќе граѓани да сретнам, да им ја објаснам визијата за следните четири години. Одиме поагресивно на терен и се спремаме за средување на хаосот во Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

Од дното на срцето им се заблагодари на скопјани за секој глас во првиот круг и кажа дека во вториот круг очекува уше поголема победа.

Ѓорѓиевски освои 39,43 % од гласовите односно 91.612 гласа. Зад него е Мециновиќ од Левица со 13,20 % од гласовите, односно 30.662 гласа.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Николоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, оставка од Филипче

Објавено пред

Македонија е обoена во црвено. ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа на локални избори до сега, било кога видена во Македонија, ова е историја и резултатот кој што го направивме вчера е навистина историски, истакна на прес-конференција Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Ова, според него е историски резултат затоа што, како што рече, е за 50% подобар од резултатот кој партијата го имала во 2021 година, кога во 22 општини доби градоначалник во првиот круг.

„Добивме градоначалници и во места кои до вчера беа условно кажано предводени од СДСМ, односно во коишто бевме опозиција. Убедливо во првиот круг победивме во бастионот на СДСМ, Струмица, во Струмица ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалник после 20 години. И не само тоа, туку ќе имаме и мнозинство во Советот и разликата е толку голема што е нешто што е досега невидено на избори во Струмица.

Во првиот круг победивме и во Делчево, Берово, Старо Нагоричане, каде исто така СДСМ имаше градоначалници, а водиме и ќе победиме во вториот круг во Валандово, Демир Капија, Дојран каде што нашите кандидати водат и ќе победат во вториот круг“.

Скопје, кажа Николоски, гласаше за Орце Ѓорѓиевски, каде како што нагласи е јасно уште во првиот круг што Скопје сака.

„Орце води повеќе од 3:1 кон второпласираниот кандидат, повеќе од 3:1 е јасно позиционирање и јасен став на Скопје, што Скопје сака и дека Орце Ѓорѓиевски е изборот и во вториот круг ќе ја зацементираме оваа голема победа.

Она што е карактеристично е дека СДСМ во Скопје е петта политичка партија, не втора, не трета, не четврта, СДСМ во Скопје е петта политичка партија, што јасно ја покажува волјата на граѓаните и јасната доминација на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Нашите кандидати Дејан Митески и Сотир Лукровски, убедливо победија во Аеродром и Карпош и се апсолутни фаворити за победа во вториот круг, очекуваме и таму големи победи во вториот круг и во Аеродром и во Карпош.

Можеме официјално да кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалник во првиот круг во следните општини: Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија,
Ѓорче Петров и Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш,
Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и Штип“.

Од денес како што рече, идните градоначалници ги чека многу работа а она што го ветија во кампањата мора да го реализираат.

„Во Советот на град Скопје, како што кажав, СДСМ е петта политичка партија. СДСМ е на најниските ниво од своето основањето до денес. Јасно е дека народот праќа јасна порака на двоецот Венко Филипче – Зоран Заев. Оставката е најнормалниот чин на човек којшто доживеал ваков дебакл.

Граѓаните јасно кажаа дека е доста од двоецот Зоран Заев – Венко Филипче.

На овие избори го декласиравме и ДУИ. ДУИ минатата година замина во опозиција, а на овие избори е декласирана. Тие изгубија катастрофално и народот им кажа што мисли за нив и нивната деструктивна и криминална политика.

Не може криминалот да се брани со историски приказни, со измислен наратив и со национална поларизација. И затоа порака и кон ДУИ и Али Ахмети беше многу јасна на вчерашните избори.

Во вториот круг очекуваме уште една голема победа, а потоа силна работа и посветеност за оправдување на довербата која што ја добивме од граѓаните“, истакна Николоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мециновиќ: Скопје се разбуди, надежта ќе ја претвориме во реалност во вториот круг

Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Левица кој влезе во вториот круг на Локалните избори им се заблагодари на граѓаните...

Македонија3 часа

Не сум фокусиран на противникот затоа што противник и немам, тука сум за народот, вели Ѓорѓиевски и најавува посилно темпо

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој наспроти очекувањата, не победи во прв круг, вели дека уште...

Македонија4 часа

(Видео) Николоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, оставка од Филипче

Македонија е обoена во црвено. ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа на локални избори до сега, било кога видена во...

Македонија7 часа

Втор круг во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари, шест скопски општини добија градоначалници во првиот круг

Граѓаните во шест скопски општини веќе избраа градоначалници во првиот круг – Бутел, Чаир, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров...

Македонија7 часа

Шукова: Резултатот не е оној што го посакувавме, сепак се гордеам со кампањата што ја водевме

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, се огласи на социјалните мрежи откако вчера не успеа да...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ доминира во Советот на Град Скопје со 18 мандати, Левицата, „Влен“ и ДУИ имаат по 6

ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови во Советот на Град Скопје, вкупно 35,15 отсто, или 81.649 гласови. Со тоа, бројот на...

Топ8 часа

Го удирал со дрвена ногарка по главата, а потоа легнал да спие и го оставил брата си да лежи во крв: 37-годишник осомничен за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека...

Македонија8 часа

СДСМ по изборите: Oстануваме втора најсилна партија, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ имаат пад на поддршката

По обработени 99 отсто од гласовите, од СДСМ соопштија дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицискиот партнер ЗНАМ, забележала голем пад...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ добива 32 градоначалника во првиот круг, „Влен“ зад нив со победа во пет општини

ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник во првиот круг од локалните избори, со освоени 32 општини, покажуваат утрово податоците објавени на страната...

Европа10 часа

Зеленски: Украина нема ништо да му подари на агресорот и нема ништо да заборави

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „ниту ќе ѝ даде ниту ќе ѝ заборави“ нешто на Русија најавувајќи зајакнување...

Свет11 часа

(Фото) Огромно парче запален отпад откриено во пустина во Австралија: најверојатно е вселенски отпад

Огромно парче запален отпад откриено во пустината Пилбара во Западна Австралија најверојатно е вселенски отпад што повторно влегол во атмосферата...

Свет11 часа

(Видео) Товарен авион „боинг 747“ се излизга од пистата во морето во Хонг Конг, двајца мртви

Товарен авион од Дубаи се излизга од пистата во морето при слетувањето на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг рано утрово,...

Свет11 часа

(Видео) Трамп: Не му кажав на Зеленски дека мора да ѝ го предаде целиот Донбас на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп им потврди на новинарите во „Ер Форс Уан“ дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас...

Европа12 часа

(Видео) Се појави снимка од ограбувачите на „Лувр“

Вчераутро, околу 9.30 часот, група од четири маскирани разбојници извршија брз и прецизен грабеж во музејот „Лувр“ во Париз, во...

Македонија16 часа

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левицата имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот...

Македонија17 часа

Орце не бегај од дебата, од вечерва Левица е вистински лидер на опозицијата, порача Апасиев

Вечерва објавуваме дека Левица станува лидер на опозицијата во Македонија, објави на прес-конференција Димитар Апасиев, лидерот на оваа партија. „За...

Македонија18 часа

Победивме убедливо во првиот круг во Струмица, дваесет години чекавме на овој ден, рече Мицкоски и кажа дека Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг

Историски резултати се бележат на овие избори и според премиерот и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој доцна...

Македонија19 часа

СДСМ победи во три општини во првиот круг, Филипче рече дека резултатот не е каков што посакувале сите, но не е лош

Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека партијата на локалните избори победила во три општини во првиот круг –...

Македонија19 часа

„Времето на Ахмети заврши“: „Вреди“ прогласи победа во повеќе општини

Со слободен глас и чиста совест граѓаните ставија крај на ерата на една измама и страв отворајќи го патот за...

Македонија19 часа

Адеми од ДУИ: Историски резултат во Чашка, имаме градоначалници во прв круг и во Гостивар, Липково и Пласница

Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за...