Свет
Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари
Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината.
Австралискиот совет за извоз на туризам со седиште во Сиднеј (АТЕК) спроведе истражување за посетите од странство. Истражувањето покажа дека целокупната состојба во врска со резервациите значително се влошила во однос на истиот период минатата година, со потенцијална штета на секторот од 4,5 милијарди австралиски долари.
Главниот извршен директор на АТЕЦ, Питер Шели вели дека најмалку 70% од вкупно 850 членови на здружението забележале значителен број откажани пристигнувања на странски гости во Австралија.
„Вредноста на откажаните патувања се движи од пет илјади до 500 илјади австралиски долари, а најголеб број на патувањата се откажани од граѓани на САД, Велика Британија и европските држави“, додаде Шели.
Туристичкиот сектор во Австралија „тежи“ вкупно 130 милијарди австралиски доалри,од кои околу 45 милијарди се резултат на странските гости.Туристичкиот сектор сочинува околу шест проценти од економијата на Австралија. Тој е четврти најголем извозен сектор во Австралија, по железната руда, јагленот и природниот гас. Во 2018/2019 година неговиот придонес во австралиската економија беше 39,1 милијарди американски долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Трамп доби златна круна во Јужна Кореја
На претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во Националниот музеј во Гјонгџу му беше врачен Големиот орден на Мугунгва и златна круна на кралството Сила од страна на јужнокорејскиот претседател Ли Џае-Мјунг.
Претседателот Трамп доби реплика од историската златна круна во Јужна Кореја, најновиот во низата импресивни подароци што ги добил за време на неговата посета на Азија.

Трамп рече дека подарокот е „многу посебен“.
Симбол на света власт и апсолутна моќ
Репликата е базирана на златната круна на древното кралство Сила, кое го симболизирало „светата власт и апсолутната моќ“ на кралевите и владејачката класа, според Националниот музеј на Кореја.

Златните круни од кралството Сила прикажуваат дрво со гранки што се шират нагоре, за кое музејот вели дека „значи небесен мандат на кралот“.
фото: принтскрин
Свет
Во Холандија почнаа парламентарните избори
Во Холандија утрово почнаа парламентарните избори, избирачките места се отворија во 7:30 часот и ќе бидат отворени до 21:00, по што ќе започне пребројувањето на гласовите и објавувањето на првите резултати, јави холандскиот јавен сервис „НОС“.
Право на глас имаат околу 13,5 милиони граѓани, а гласањето се одвива на 27 партии со 1.166 кандидати за 150 пратенички места.
Некои избирачки места беа отворени уште од полноќ. На поголемите железнички станици има и мобилни пунктови за гласање.
Анкетите покажуваат дека трката е исклучително тесна, а крајнодесничарската Партија за слобода (PVV) на Герт Вилдерс има шанса за силен резултат, иако повеќето партии не сакаат коалиција со него. Поддршка имаат и левите и десноцентристичките партии.
По распадот на претходната четирипартиска влада, парламентот брои дури 15 партии, па аналитичарите предупредуваат дека формирањето нова влада може да трае со месеци.
Свет
Куба ја погоди ураган, еден од најсилните од 2017 година
Откако ја погоди Јамајка како еден од најсилните урагани во Атлантикот, Мелиса накратко ослабе. Додека го преминуваше островот, таа изгуби дел од својата енергија бидејќи повеќе не беше над топлото море кое ја „хранеше“.
Кога северниот брег на Јамајка беше зад него, ураганот повторно се засили до четврта категорија и формираше добро изразено око на бура. Потоа Мелиса по втор пат дојде до копно, овој пат во југоисточна Куба, како ураган од категорија 3 со ветрови до 205 километри на час – еден од најсилните што го погодија островот од ураганот Ирма во 2017 година.
Потоа бурата ќе ослабне, но се очекува да се забрза кон североисток, преминувајќи ги Бахамите во текот на денот и приближувајќи се кон Бермуда, задржувајќи ја силата на ураган од прва категорија.
фото: принтскрин

