Регион
Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите
Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир меѓу мигранти сместени во кампот.
Полицијата соопшти дека во пожарот во кампот Вати нема повредени. Објектот е предвиден за неколку стотици луѓе, а во него се сместени повеќе од 4.000 мигранти.
Според полицијата, причината за пожарот кој избувнал по судири меѓу мигранти од Авганистан и Сирија не е непозната. Пожарот избил по тепачка меѓу мигранти од Авганистан и од Сирија, во која се повредени три лица, кои се пренесени во болница. Минатиот месец загина азилант во пожар којшто изби на островот Лезбос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Рама: Фактот што Србија не го признава Косово е суштински проблем на регионот
Албанскиот премиер Еди Рама, на Форумот за мир во Париз изјави дека непризнавањето на Косово од страна на Србија е „суштински проблем“ на регионот.
Рама рече дека Балканот мора да избере помеѓу поделба и соработка.
„Косово е проблем затоа што за нас е земја со свои права. Но, за Србија или за другите земји – не е. Тоа е голем проблем. Или ќе продолжиме да гледаме наназад, да разгоруваме тензии и негативна енергија и да нанесуваме штета на себе и на нашата економија – ние сме мали пазари – или да бидеме заедно. Другата алтернатива беше да не се согласуваме и да не соработуваме“, рече Рама, пренесува Koha.net.
Тој додаде дека денес Европа се соочува со истите предизвици што некогаш го карактеризираа балканскиот регион.
„Европа стана многу балканизирана. Мислам дека Франција е исто така многу балканизирана – тие не можат да донесат буџет. Погледнете ја Британија, таму е уште полошо. Сега ние сме добрите, затоа им велам: склучете мир, не заканувајте се, разговарајте, затоа што доаѓаме од пеколот и ние сме гласници на мирот“, нагласи Рама.
Рама изјави дека Албанија, без оглед на тоа дали другите ја слушаат или не, ќе продолжи да работи за регионална стабилност.
„Ако светот стане подобро место, ќе кажеме дека сме ја завршиле нашата работа. Ќе добиеме место во рајот како Албанци“, рече тој со насмевка, според медиумот.
Албанскиот премиер ги оцени односите со Италија и улогата на Европската Унија.
„Италијанците се Албанци облечени во Версаче. Имате премиер – исклучителна и фасцинантна жена. Таа не е висока, но верувајте ми, кога зборува, таа е повисока и од мене. ЕУ е најголемиот политички проект што човештвото некогаш го доживеало“, рече Рама.
На крајот од своето обраќање, Рама истакна дека членството на Албанија во Европската Унија е историски благослов.
Фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Најмоќните сили сакаат да ни ја украдат територијата, во следните 10 дена ќе имаме нешто што ќе ги направи среќни
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес се обрати до јавноста од Самарканд, каде што присуствуваше на отворањето на 43-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО.
Тој изјави дека разговарал со претседателот Пелегрини за европскиот пат на Србија, но и за билатералните односи, за кои верува дека можат да се подобрат.
Вучиќ, исто така, изјави дека е многу важно што Генералната конференција на УНЕСКО за прв пат се одржува надвор од Париз, честитајќи им на домаќините за организацијата.
Кога станува збор за средбата меѓу Трамп и Џјинпинг, Вучиќ очекува работите да почнат да се менуваат дури од јануари.
„И јас тогаш реков дека е важно Кина да се вклучи бидејќи без неа е тешко да се постигне голем договор. Мислам дека е добро за светот. За нас е важно што помина добро, а не ни треба ни да ги знаеме сите важни детали. Имаме многу добри односи со Кина и би рекол дека се обидуваме да изградиме подобри односи и со Америка“, рече Вучиќ.
Во врска со веста дека Сирија го признала Косово, тој рече дека тоа била очекувана вест.
„Ја зачувавме нашата позиција во УНЕСКО и позицијата на меѓународното јавно право. Веста дека Сирија го призна Косово беше очекувана и сега разбираме колку ни значеше слободарскиот пристап на Башар Ал Асад кога беше на власт. Јасно е кога доаѓа некој што е под огромно влијание на една од клучните земји во регионот, како што е Турција. Тоа е истиот ракопис како минатата година од Анталија. Го повикаа нашиот министер за надворешни работи, немаа време за билатерален, а потоа Судан ја призна независноста на Косово“. Добиваат наредба и се однесуваат соодветно, но бидејќи гледам дека се премногу среќни, ќе имаме нешто да им угодиме во следните 10 дена. Ова е маратон, а не трка на 50 метри“, рече Вучиќ, пренесуваат медиумите во соседството.
Регион
Вучиќ во Узбекистан: Тука нè гледаат како Европејци, иако не сме во ЕУ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на посетата на Ташкент, изјави дека Узбекистан е „земја на иднината“ и нагласи дека Србија мора да се позиционира за соработка со земјите кои бележат брз економски раст, пренесува РТС.
„Најсилниот впечаток врз мене, а верувам и врз сите вас, останува огромниот напредок на Узбекистан – неверојатен напредок. Минатата година стапката на раст беше 6,5 проценти, а оваа година веројатно ќе биде уште поголема. Во првите три квартали веќе се достигнати 7,6 проценти“, рече Вучиќ, додавајќи дека ова е земја на млади, со оглед на тоа што 60 проценти од населението е под 30 години.
Тој најави дека се очекува посета на узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев во Белград на почетокот на 2026 година, кога треба да започне и стратешко партнерство.
„Ова ќе биде почеток на нашето стратешко партнерство. Ќе ги подготвиме најважните документи што ќе бидат основа за подобрување на соработката“, рече Вучиќ.
„Знам дека луѓето во Србија не се секогаш доволно заинтересирани за вакви теми, но ова е нашата иднина. Ова се земји кои растат неверојатно брзо и ние мора да ја позиционираме Србија тука“, нагласи тој.
Српската делегација беше особено импресионирана од паркот за информатичка технологија, за кој Вучиќ рече дека ги покажува огромните инвестиции на Узбекистан во знаење и развој. Она што, вели тој, особено го фасцинирало е напорната работа и дисциплината на неговите граѓани.
„За разлика од Европејците – а тие нè сметаат во Европа иако не сме дел од Европската Унија – тие не бараат да работат што е можно помалку и да бидат платени што е можно повеќе. Овие луѓе сакаат да работат што е можно повеќе, тие го имаат тоа „тигрово око“ и јасно гледаат дека со својата работа можат да нè надминат сите нас“, истакна српскиот претседател.
Тој додаде дека Србија, иако нема да биде лесно да го промени својот менталитет, може да учи од ваквите партнери и да ја искористи таа енергија во корист на своите граѓани. Како пример за добра пракса, тој го наведе узбекистанскиот модел на централизирани јавни набавки, кој донесе големи заштеди и кој Србија планира да го проучи.
фото: принтскрин

