Свет
Пресметка на наркокартелите во Мексико – пронајдени 19 тела расфрлани по улица
Мексиканската полиција пронајде 19 тела расфрлани по пат, кои биле застрелани, па обесени во пресметка меѓу наркокартелите. Како што јавуваат агенциите, девет тела виселе на надвозник во близина на транспарент на картел кој им се заканувал на ривалите, додека уште седум тела биле пронајдени во близина на патот. Само малку подалеку од патот биле откриени уште три други тела, вкупно 19, пренесува „Ројтерс“.
Убиствата во западната држава Мичоакан го означија враќањето на грозоморните масакри извршени од наркокартелите, среде војната за наркотици од 2006 до 2012 година, кога телата фрлени покрај патот беа порака кон властите или кон другите картели.
Три од обесените жртви се жени.
„Одредени криминални банди се борат преку територијата за да ги контролираат активностите поврзани со дистрибуцијата и производството на дрога“, вели државниот обвинител Лопез Солис. „За жал, овој конфликт резултира во вакви активности кои оправдано ја алармираат јавноста“.
Со години мексиканските картели избегнуваа да привлечат внимание и ги крие телата на своите жртви. Тие убиените ги закопуваа во јами или телата ги ставаа во хемикалии.
Но, се чини дека бандата Јалиско, која има репутација дека јавно им се заканува на властите, се вратила јавно да ги покажува убиствата за да ги заплаши ривалите.
Кога бројот на убиства се намали меѓу 2012 и 2015 година, многумина сметаа дека војната поврзана со дрогата се смирува. Но, бројот на убистваповторно се зголеми минатата година и сега има повеќе убиства во Мексико отколку во 2011 година, кога бројот беше најголем, пренесува „Ројтерс“.
Во Мексико имало рекордни 17,608 убиства во првата половина на 2019 година, што претставува раст од 5,3% во однос на истиот период лани. Земјата со речиси 125 милиони луѓе сега има 100 убиства на ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.
Свет
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан.
– Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на Одборот за мир. Значи разбиени се сите лаги кажани дури и во нашиот парламент. Лага се секакви тврдења што денес повторно се прават смешни, велејќи дека не можам да одам, дека не сум поканет, затоа што, затоа што, затоа што, рече Рама.
Всушност, додаде, како што кажав, ќе бидам во Вашингтон за официјалното формирање на Одборот за мир и за почетокот на активноста на тој одбор.
-Привилегија за Албанија е да биде држава-основач на Одборот за мир и нема да придонесува со пари за да се приклучи или да остане како постојан член, туку придонесува со достоинство и со она што ја направило меѓународно почитувана и поканета, за оваа толку високо ниво на дискусија за иднината на мирот, рече Рама.

