Македонија
Седницата за избор на составот на собраниските тела в понеделник

В понеделник напладне ќе се одржи седницата на која на дневен ред ќе биде изборот на составот на работните тела на Парламентот.
Втора точка ќе биде верификација на мандатот на пратеничката на местото на Јагода Шахпаска, која беше избрана за министерка за труд и социјала.
Во врска со можноста пратеникот во изолација Арбен Зибери да гласа во понеделник, Џафери рече дека тој в сабота ќе го прави последниот тест. Ако е негативен, со одлука за изолација како превенција може да дојде да гласа од кабинетот. Сепак, ако има позитивен тест, Зибери нема да може да гласа, истакна Џафери.
Во законодавниот дом досега се пристигнати законските предлози на Владата за основно и средно образование, како и петте одлуки за вонредната состојба од претседателот на државата Стево Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: ДУИ вети, но труеше, ќе ја затвориме депонијата Никуштак засекогаш!

„Во Никуштак, Липковско, започната е историска акција за затворање и санација на една од најопасните депонии во земјата, отворена рана со децении, која ги труеше воздухот, земјата и водата на илјадници граѓани“, велат од „Влен“.
„Оваа депонија, идентификувана во Националниот план како една од најкритичните точки за јавното здравје и животната средина, беше заборавена од ДУИ 24 години. Бескрајни ветувања, нула решенија! Жителите на Липково, Никуштак, Арачиново, Грушино и Орланце доживеаа само чад, отров и опасност по животот.
Промената дојде со ВЛЕН! Владата, произлезена од волјата на граѓаните, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, обезбеди 5 милиони денари од Буџетот за 2025 година, како и потребната механичка опрема за трајно затворање на оваа дива депонија. Проектот веќе ја има подготвена геодетската студија, додека работите веќе се започнати.
Ова е најјасен пример дека ВЛЕН не ветува, туку дејствува! За само една година направивме она што ДУИ не го направи за две децении. Со оваа акција го враќаме достоинството на жителите на Липково и целиот регион. Ставаме крај на долгогодишен кошмар и докажуваме дека промената е реална, опиплива и неповратна.
ВЛЕН е гаранција дека ова не е само победа за животната средина, туку и за здравјето, безбедноста и животите на нашите граѓани. ВЛЕН за Липково без отпад, за чиста животна средина, за живот со достоинство!“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
На граничните премини поради летните одмори се чека до 40 минути

Утрово, од 5 часот, регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод, преку националниот парк Јасен, е пуштен за сообраќај во термините од Министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и приспособување на брзината поради можни одрони на патот, соопштува АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори, се бележи зголемена фрекфенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање за влез е 40-ина минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е 20-ина минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е 30-ина минути, а на другите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Филипче: СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници, кои се почитувани во заедницата

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати критики до премиерот Христијан Мицкоски и неговите насоки околу тоа, како да работат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите од тоа, вели Филипче, се катастрофално управување со општините од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Спротивно на ова, нагласи Филипче, СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници кои се почитувани во заедницата.
„Јас го слушам примерот како дава насоки како да работеле градоначалниците и сметам дека тоа е многу погрешно. Сметам дека тоа доведе Скопје да стане страшно валкан и едноставно неубав град за живеење со нивната градоначалничка, Данела Арсовска, од која понатаму во текот на мандатот се обидоа да се дистанцираат, но јасно е дека не им успеаја диловите, па затоа и се скараа. Јас давам гаранција дека сите градоначалници на СДСМ ќе работат чесно и одговорно, со целосна поддршка и гаранција од мене и од партијата“, изјави Филипче.
Истакна дека СДСМ на претстојните локални избори настапува со постојната коалиција, со најдобрите кандидати кои уживаат кредибилитет во своите средини. Тие се подготвени да излезат пред граѓаните со реални и остварливи програми, големи развојни планови за крупните општини и микро-планови за решавање на секојдневните проблеми во помалите средини.
Во однос на вториот изборен круг, тој најави разговори и со партии од албанскиот блок.
Претседателот на СДСМ изрази жалење што власта не успеа да обезбеди мнозинство за измените на Изборниот законик. По одлуката на Уставниот суд со која беа укинати два члена, остана нерегулирано прашањето за независните листи на кандидати, што може да предизвика хаос и да ги загрози независните кандидати.
„ Ние помогнавме, го прифативме предлогот да се намали бројот на потребни потписи за пријавување на кандидатурите од 1% што го укина Уставниот суд, на 0,5%, што мислиме дека е фер и дека добро го регулира тој простор“, нагласи Филипче.
Тој додаде дека лично ја поддржува волјата на независните и на граѓаните да кандидираат свои кандидати.
„Сметам дека со тоа се зголемува можноста за избор на граѓаните и сметам дека треба да има кандидати. А ние, нормално, ќе се бориме со целиот наш демократски капацитет и со сите демократски инструменти за да ја добиеме довербата на граѓаните“, потенцира Филипче.
Претседателот на СДСМ најави дека СДСМ ќе води позитивна кампања.
„Ние нема да се спуштиме на тоа ниво. Ќе водиме добра, позитивна кампања. Ќе ги промовираме нашите кандидати и нашите добри политики. Ќе бидеме генерално фокусирани на локалните теми, но ќе се задржиме и на дел од централните теми, бидејќи сметаме дека е важно луѓето да знаат за кого гласаат“, истакна Филипче.
Тој потсети дека сите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ од 2024 година останаа неисполнети.
„Ништо од тоа не е реализирано. Требаше да имаме подобри услови за преговори со Европа, но тоа не се случи. Албанија и Црна Гора не претекнаа, додека стандардот во Македонија стагнира. Не смееме да дозволиме повторно да се врати политиката на лажни ветувања,“ рече Филипче.