Македонија
Регистрирани 990 новозаразени, починаа 24 лица
Во последните 24 часа се направени 2655 тестирања, а регистрирани се 990 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-378, Куманово-48, Дебар-6, Штип-51, Прилеп-55, Тетово-39, Струга-27, Велес-54, Битола-44, Охрид-39, Кавадарци-24, Гостивар-54, Гевгелија-16, Струмица-19, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-27, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-9, Валандово-1, Виница-10, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-11, Кичево-14, Ресен-11, Неготино-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 382 оздравени пациенти од: Скопје-116, Куманово-25, Дебар-1, Штип-23, Прилеп-31, Тетово-29, Велес-20, Битола-14, Гостивар-15, Гевгелија-6, Струмица-8, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-16, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Берово-3, Валандово-2, Виница-20, Делчево-26, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-7, Ресен-1.
Починати се 24 лица, седум пациенти од Скопје (58, 80, 86, 63, 50, 61 и 45г), еден од Штип (64г), еден од Прилеп (57г), еден од Тетово (61г), двајца пациенти од Битола (66 и 73г), три од Кавадарци (83, 78 и 69г), еден од Гостивар (46г), три пациенти од Струмица (78, 68 и 59г), еден од Берово (41г), еден од Делчево (83г) и три пациенти од Кичево (44, 58 и 63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47050, бројката на оздравени пациенти е 27364, на починати е 1305, а бројот на активни случаи изнесува 18381. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 20629, активни 8506
• Куманово 3053, активни 844
• Дебар 418, активни 102
• Штип 2178, активни 513
• Прилеп 2155, активни 901
• Тетово 3159, активни 1060
• Струга 1097, активни 312
• Велес 1445, активни 777
• Битола 1344, активни 697
• Охрид 1155, активни 535
• Кавадарци 888, активни 421
• Гостивар 1742, активни 564
• Гевгелија 573, активни 224 (32 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 106 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1357, активни 649
• Крива Паланка 330, активни 107
• Радовиш 343, активни 129
• Крушево 69, активни 39
• Кочани 1021, активни 330
• Пробиштип 291, активни 96
• Демир Хисар 147, активни 68
• Македонски Брод 130, активни 26
• Пехчево 86, активни 26
• Берово 284, активни 81
• Валандово 136, активни 43
• Виница 277, активни 123
• Делчево 348, активни 163 (88 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 126, активни 80
• Свети Николе 647, активни 184
• Кичево 940, активни 418
• Ресен 343, активни 129
• Неготино 339, активни 234 (32 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2655 теста се преку: ИЈЗ-1218, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена-276, Биотек-300, МАНУ -215, Жан Митрев (Филип Втори)-151, Систина со PCR метода -252, лабораторија Лаор –81, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-77, Инфективна клиника-4, ГАК-0, Синлаб-34, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -11, УК Пулмологија со алергологија –2 , лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 292.189 тестирања на Ковид -19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 510
• Гази Баба – 1196
• Аеродром -1287
• Карпош – 1102
• Центар – 1069
• Кисела Вода – 1047
• Ѓорче Петров – 702
• Бутел – 447
• Шуто Оризари – 147
• Студеничани – 42
• Сарај – 111
• Арачиново -26
• Илинден – 206
• Сопиште – 63
• Чучер Сандево – 91
• Петровец –89
• Зелениково -55
• Странец – 149
• Нераспределен- 167
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сите патишта водат кон Будимпешта, со владин авион кај шефот и на море, велат од СДСМ
Главна дестинација на владинот авион е релацијата Скопје-Будимпешта. Дури седум пати летале до шефот, во главниот град на Унгарија, според информациите за летањето на владиниот авион кои ги објавија медиумите, велат од СДСМ.
„Сите во Будимпешта, со владин авион, на консултации и по работни задачи кај шефот.
Наместо да лежи во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на Никола Груевски.
Затоа и беа тргнати потпретседателите.
Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренцијам се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.
Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Мора да се обезбеди безбеден терен за враќање на газдата“.
Според опозиционата партија, Мицкоски, Николовски, Силјановска најмногу го користеле владинот авион.
„Толку многу се шета, Мицкоски дури и на Јадран оди со владин авион на капење.
Затоа мора да се купува нов авион, да се даваат милиони евра народни пари“, прашуваат од СДСМ.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.

