Европа
Во Романија 69-годишен маж призна дека силувал и убил две девојчиња
Осомничениот за убиството на две тинејџерки во Романија, Георге Динка, ги призна злосторствата. Динка (65) првично одбивал да одговора на какви било прашања, но на крајот ги признал убиствата на Александра, која исчезнала во средата, и на 19-годишната Луиза, исчезната од април.
Неговиот адвокат Богдан Александру изјави дека Георге Динка ѝ признал на полицијата дека ги убил двете девојчиња по што ги запалил нивните тела.
Шефот на романската полиција, Јоан Буда, беше сменет по обвинувањата дека полицијата пребавно реагирала на телефонските повици на Мачесану дека била грабната. Во четвртокот утрото девојката успеала трипати да го повика бројот за итни случаи 112 и да ѝ даде информации на полицијата за местото каде што ја држел возачот на автомобилот што ја грабнал откако таа стопирала со цел да се врати во Доброславени, во јужна Романија.
Полицијата исто така барала непотребни налози за претрес и по 19 часа, ја пронашле куќата на Динка. Во градината на куќата биле пронајдени човечки остатоци и накит што ѝ припаѓал на Александра.
Повеќе од илјада Романци во саботата протестираа против владата поради начинот на кој се постапувало во случајот. Семејството тврди дека властите не ги сфатиле сериозно нејзините повици, а полицијата вели дека имале проблеми да ја најдат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

