Свет
САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19
Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на инфекција.Податоците објавени на „Worldometer“ покажуваат дека вкупниот број на заразени во таа земја се искачи на 12.783.723, додека вкупно 263.812 лица ја загубија борбата против Ковид-19.
Излечени се повеќе од 7.553.000 луѓе кај кои претходно било потврдено присуство на коронавирус, а биле тестирани над 182.000.000 примероци. Најголем број на заразени лица е забележан во сојузната држава Тексас, каде се потврдени повеќе од 1.191.608 случаи на коронавирус. По нив следуваат Калифорнија (повеќе од 1.133.000) и Флорида (повеќе од 944.000).
Најголем број на смртни случаи биле регистрирани во Њујорк, каде 34.276 лица ја изгубиле битката со Ковид-19. Повеќе од 640 000 луѓе биле позитивни на коронавирус.По САД, следат Индија (повеќе од 9.193.000 заразени) и Бразил (над 6.088.000 заразени) по бројот на случаи со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

