Свет
Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот
Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на светот. 58-годишниот сопственик на фармата заврши во привремен притвор затоа што не сакал да соработува со истражителите, соопшти полицијата во градот Дрент на истокот на земјата.
Според холандските медиуми, тој заедно со своите шест деца, на возраст од 16 до 25 години, живеел во изолација во подрумот на фармата во Руинерволд, каде што го чекале крајот на светот.
Тие 9 години поминале во подрумот во куќа на фарма опкружена со дрва, а целата приказна била разоткриена кога најстариот син се појавил во локален паб и нарачал пиво. На локалните жители им кажал дека му е потребна помош, па била повикана полицијата. Момчето изгледало збунето, а рекол дека со семејството живее во изолација до крајот на светот.
„Испи пет пива, а потоа ми се довери дека побегнал и дека му треба помош. Имаше долга коса, валкана брада, носеше стара облека. Рече дека никогаш не одел во училиште и дека никогаш не се избричил“, изјавил сопственикот на пабот, Крис Вестербик.
Семејството девет години немало никаков контакт со надворешниот свет. Преживувале со помош на зеленчук што сами го одгледувале. Во текот на пребарувањето на куќата полицијата во орманот во дневната соба открила скали што воделе до подрумот по што е откриена долго чуваната тајна. Полицијата открила шест лица на фармата, кои сега се згрижени. Не е познато во каква здравствена состојба или во какви услови живееле. Не е познато каде е мајката на децата.
Жителите на градот се изненадени од случајот. Велат дека виделе само човек на имотот и не знаеле дека тој има семејство. Во Руинерволд живеат околу 3.000 луѓе, а куќата на семејството била прилично изолирана. Фармата е скриена зад дрвјата и оддалечена околу 200 метри од крајот на градот.бИмало голема градина со зеленчук и кози што паселе на имотот.
Истрагата би требало да ги утврди сите околности на овој необичен случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.