Македонија
Скопје се збогува со Балашевиќ: се палат свеќи, се пеат неговите песни
Илјадници граѓани на Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб, Сараево се збогуваат со балканската легенда Ѓорѓе Балашевиќ, кој замина прерано како последица на Ковид-19. Плоштадите се преполни со граѓани кои палат свеќи и ги пеат песните на Балашевиќ.

Вечерва последно збогум му испратија и стотици македонски граѓани од пред платото на Универзалната сала во Скопје, каде запалија свеќа во спомен на српскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ кој почина вчера на 67-годишна возраст.

Се пеат хитовите со растеа многу генерации, се споделуваат спомени за концертите кои Балашевиќ ги одржа во Скопје.

Настанот пред Универзалната сала е организиран од Град Скопје. Вчера, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека со Балашевиќ се договарале да ја отвори Универзалната сала, која во моментов се реновира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради магла намалена видливост на патниот правец Демир Капија – Гевгелија и граничен премин Богородица
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија- Гевгелија и граничен премин Богородица.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Ангелова: Буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите
На денешната седница во Собранието се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите.
„Буџетот не е само финансиски план, ниту табела со бројки, тој претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и кон институциите. Буџетот за 2026 година е документ што многу јасно ја одразува разликата помеѓу оваа Влада и сите влади пред неа. Овој Буџет е јасна политичка порака, дека државата конечно се движи во вистинска насока, дека економијата расте, дека институциите работат дисциплинирано и дека секој денар е ставен во функција на развој, инвестиции и подобар животен стандард. Овој Буџет е еден од најреалните и најодговорно планираните во последната деценија. Тој е јасна порака дека државата се движи напред и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ управува дисциплинирано и државнички“, рече Ангелова.
Таа посочи дека во 2026 година треба да се вратат 1,2 милијарди евра долгови создадени од претходните влади.
„Во 2026 година треба да се вратат 1,2 милијарди евра долгови создадени од претходните влади, ние можевме да одиме во популизам, да оставиме хаос, да расфрламе средства но избравме дисциплина, државност и рационално планирање. Вкупните приходи во 2026 година се планирани на 374, 9 милијарди денари, со реален и конзервативен пристап. Расходите се 414,2 милијарди денари насочени кон функционирањето на јавните услуги, капитални инвестиции и социјална поддршка. Буџетскиот дефицит е 3,5% од БДП што е значително намалување во однос на приходите години и во согласност со фискалните правила и препораките на меѓународните финансиски институции“, посочи Ангелова.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот с.Караорман – Штип, сообраќајот во прекин
Од 19:35 часот во прекин е сообраќајот на регионалниот пат с.Караорман – Штип поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

