Македонија
„Титаник 2“ е завршена приказна за Мијалков – му застаре делото
Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, од денеска е слободен човек и за предметот „Титаник 2“. Нему му застари делото за кое се гонеше поврзано со изборни нерегуларности на изборите во 2013 година бидејќи поминаа 10 години од денот кога беше обвинет дека го сторил.
Сега, во овој предмет, ќе им се суди само на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и на другите обвинети за кои седница на Апелација е закажана за шест дена (13 април). За овој предмет двапати се изрекуваше пресуда од Кривичниот суд бидејќи Апелација во 2019 година ја укина.
Од шест предмети, кои се водеа против Сашо Мијалков, четири се целосно решени. Тој доби ослободителна пресуда за „Тортура“, за „Плацови на Водно“ затворската казна му беше заменета со условна.
Единствената правосилна затворска казна Мијалков ја доби за случајот „Империја“, во кој се спогоди со Обвинителството. Тој издржува три години во затворот од отворен тип во Струга, каде што затворениците имаат право на работно отсуство и практично само преспиваат во ќелиите. И натаму на Мијалков му се суди за „Трезор“ и за „Таргет – Тврдина“ (предметот за прислушувањето), кои се далеку од правосилна пресуда, а „Таргет – Тврдина“ е сè поблиску до застарување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

