Свет
Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово, за нов директор на Националната разузнавачка служба на САД. Ваквата вест тој ја сподели на „Твитер“, каде што напиша дека има задоволство да објави дека амбасадорот на САД во Германија, Ричард Гренел, ќе стане прв човек на американското разузнавање.
„Тој ја претставуваше нашата земја и очекувам дека добро ќе соработуваме. Му благодарам на досегашниот директор Џо Мегваер“, се вели во објавата на претседателот Трамп.
Оваа функција беше воспоставена по терористичките напади врз САД на 11 септември 2001 година и ги надгледува 17-те цивилни и воени американски разузнавачки агенции, вклучувајќи ја и ЦИА.
Гренел, освен амбасадор на САД во Германија, во изминатиот период беше специјален пратеник на американскиот претседател за дијалогот меѓу Приштина и Белград. Тој важи за голем поддржувач на Трамп и тој ќе го замени Џозеф Мекгавјер, кој беше на таа функција од август лани. Сенаторот Марк Венер оцени дека наименувањето на Гренел е обид да се избегне уставната улога на Сенатот да биде консултиран за такви важни безбедносни функции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

