Македонија
Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа
Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни болести целосно се посветени да обезбедат препораки, закони и протоколи, со кои ќе се спречи ширењето на коронавирусот.
„Протоколите што досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа, едноставно, е нашата нова реалност и нов начин на живеење“, рече министерот Филипче.
Идната седмица се одржуваат предвремените парламентарни избори. Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен пртокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање.
„Сакам од мое лично име и од името на Комисијата да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право. Гласањето нема да биде помалку безбедно од која било друга нормална активност што ја вршиме секојдневно, како одењето во маркет. Строгиот протокол и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност и се обврзуваме на граѓаните да им обезбедиме сигурна средина во која ќе може да гласаат“, потенцира министерот Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски во посета на Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата и Единицата за увид на место на настан и анализа: во фокусот проблемите на вработените
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети на Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата и Единицата за увид на место на настан и анализа при Секторот за внатрешни работи Скопје каде одржа состаноци со раководствата.
„ЕБПС се соочува со голем недостаток на човечки ресурси и недостиг на возила и материјално-технички средства кои им се основна алатка за постапување и одржување на високо ниво на безбедност во патниот сообраќај. Исто така, беше посочено дека потребни се промени во законската и подзаконската регулатива со цел допрецизирање на одредбите кои ја регулираат оваа материја, а се со цел побезбеден сообраќај и помалку жртви.
ЕУМНА е една од круцијалните организациски единици кога се работи за ефикасно работење во делот на кривичната материја имајќи ја предвид природата на нивната работа. И во оваа Единица има голем недостаток на човечки ресурси, но и соодветни обуки кои ќе го подигнат нивото на квалитет на нивната работа, како и инвестирање во нова, пософистицирана опрема согласно најсовремените технологии и практики“ издвои Тошковски.
Македонија
Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ
После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е да организира разговор со „празно столче“ во договор со јавниот сервис чии генерален директор со месеци е ангажиран во партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ, вели престедателскиот кандидат Стево Пендаровски отклако претходно неговата против кандидатка Гордана Силјановска Давкова објави коментар дека Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ.
„Инаку, терминот за дебатата на МТВ никогаш не беше договорен меѓу двата кандидати. Дебатата во понеделник на 6ти мај, на телевизија Канал 5, е последна која е потврдена од двете страни.
И покрај ниските морални и етички стандарди кои ги поставија до сега во кампањата, ова е ново дно кое ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова го достигнаа, што може да ги изненади само оние кои не го познаваат начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ и на нивната партиска кандидатка“, реагира Пендаровски на прозивките на Давкова.
Македонија
Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник
Кандидатката за претседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова со свој коментар на социјалната мрежа X, по повод отсуството на противкандидатот Стево Пендаровски на тв-дебата на Македонската телевизија.
“Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче“, напиша таа.
Не разбирам, вели Сиљановска-Давкова, зошто мојот противкандидат (@SPendarovski) им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.
„Би сакала да го потсетам господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија.
Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, пишува Сиљановска-Давкова на социјалните мрежи.
Доби и одговор од нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски.
„Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ“, реагира Пендаровски на социјалните мрежи.