Црна хроника
(Фото) Возач на мотоцикл по автопатот Скопје-Велес откако видел полиција фрлил ќеса со дрога и избегал пеш
Полициски службеници запленија околу еден килограм марихуана попладнево на автопатот Скопје–Велес.
„Денеска (04.10.2025) околу 15:40 часот на автопат Скопје-Велес во близина на клучка Кадино полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при движење забележале мотоцикл марка “Санјоу” со скопски регистарски ознаки кој се движел пред нив.
Откако ги забележал полициските службеници возачот фрлил ќеса со околу еден килограм марихуана, го оставил мотоциклот и се дал во бегство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека веќе е утврден идентитетот на лицето и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

