Македонија
Хотелите почнуваат со работа, ќе се применуваат посебни процедури за заштита на гостите од Ковид-19
Хотелите од денеска повторно ќе може да примаат гости, по неколумесечната пауза поради воведувањето на мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19. Стапува на сила протоколот со кој се уредуваат процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на Ковид-19.
Хотелиерите ќе мора да обезбедат дезинфекциска бариера за обувки пред влезна врата и пулт за дезинфекција на раце. Задолжително е носење заштитна маска од страна на гостите и вработените, мора да има монтажна преграда (шалтер) на рецепција од проѕирна пластика или стакло со отвор во долниот дел (само за манипулирање со клуч и документи), а хигиена на јавните простории и собите мора секој ден да се одржува со средство кое дејствува врз вируси. Задолжително е и редовно проветрување. Посочено е и плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата.
Се препорачува и во холот при влезот да биде истакната табла „Welcome“ со разбирлив текст за чекорите и препораките кои треба да се почитуваат за време на престојот (носење заштитна маска и дезинфекција на раце), а на рецепцијата, ако пултот не е доволно широк, да се обезбеди растојание од 1,5 до два метра. Монтажната преграда од проѕирна пластика може да биде заменета со дополнително носење визир од страна на рецепционерот. Може да се нудат единечни или двојни соби со прилагодувања, а во објектите со повеќе кревети дозволено е сместување гости само од едно домаќинство.
Протоколот во делот на ресторанските процедури не дозволува служење храна на шведска маса. Не е дозволено ниту послужување гости на стоење на шанк и стоечки маси. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски и често да одржуваат хигиена на раце, а дезинфицирање на масата и столовите пред секој оброк и по завршување е задолжително.
Масите треба да се прекриени со хартиени или најлонски чаршафи за еднократна употреба или ако се користат стандардни чаршафи, тие да се перат по секој послужен гостин. Масите не треба да бидат претходно сервирани (доколку објектот има услови да постави средство за дезинфекција на секоја маса – доколку не, гостите може да го користат средството за дезинфекција поставено на влезот од ресторанот според препораките на СЗО).
Се забранува и користењето заеднички отворени садови при сервирање кечап, сенф, сосови, масла, сол, шеќери, чаеви, кои се споделуваат на повеќе од една маса. Нужни се и засилени внатрешни контроли на вработените од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување храна, засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое дејствува врз вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, како и на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција.
Потенцирано е и редовното одржување на тоалетите со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на соодветни дезинфекциски средства. Како и досега, забрането е користење сушилки за раце во тоалетите. Се наложува задолжително користење хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.
Македонија
Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани
Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во моментов воздушниот простор е затворен и не е можна евакуација.
„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба“, велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека во оваа фаза,препораката до македонските државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.
„Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба. Во случај на потреба од помош граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив телефон +972 54 500 8566, телефон +972 54 967 0546 и е-пошта: [email protected], како и во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на телефон +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и е-пошта: [email protected]. Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој“, додаваат од МНР.
Македонија
Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници
Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
– Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака, се наведува во објавата на Муцунски на платформата „Х“.

-Во исто време, нашите амбасади и конзуларни тимови низ целиот регион се активно вклучени и работат на поддршка и помош на нашите граѓани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и обезбедувајќи ја целата потребна конзуларна помош, се додава во објавата на налогот на министерот Муцунски на социјалната платформа „Х“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“. Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран. Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.

