Топ
Љубомир Михајловски е избран за нов претседател на Адвокатската комора

Адвокатот Љубомир Михајловски е новиот претседател на Адвокатската комора на Македонија. Тој претходно беше директор на Царинската управа, а во периодот од 2004 до 2006 година беше и министер за внатрешни работи, пред Гордана Јанкуловска да застане на чело на министерството.
За негови заменици се избрани Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи. Изборот за нов претседател на адвокатската комора се случуваше синоќа во Струга. За претседатели беа кандидирани и Звонко Давидовиќ, Наташа Трпеновска Тренчевска, Димитар Панчевски и Александар Тортевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната

Русија денеска и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната, објавија руските новински агенции ТАСС и РИА.
Ова е четврто во серијата предавања на останки на загинати војници во изминатата недела, во согласност со договорот постигнат меѓу Русија и Украина на разговорите во Истанбул претходно овој месец.
За време на разговорите во Истанбул на почетокот на јуни, Киев и Москва се согласија да предадат по 6.000 тела и да разменат болни и тешко ранети воени заробеници и лица под 25 години.
Русија вели дека досега ѝ предала на Украина тела на речиси 5.000 украински војници, но за возврат добила само 27 тела на убиени руски војници.
Украина и Русија досега извршија и три размени на воени заробеници, но не го објавија нивниот точен број.
Македонија
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на Израел и враќање во Македонија

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија. Станува збор за државјани на Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Оттаму додаваат дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.
-Напоменуваме дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање, стои во соопштението на МНРиНТ.
Претходно, МНР информира дека согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.
Воедно, оттаму апелираа до сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.
За помош и асистенција, граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив – Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 Е-пошта: [email protected].
Понатаму, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736, Е-пошта: [email protected].
Оттаму додаваат дека во рамки на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција.
-На крај, уште еднаш ги повикуваме нашите државјани кои се наоѓаат во погодените региони, доколку им е потребна конзуларна помош, без одложување да се обратат на наведените СОС контакти, стои во соопштението на МНРиНТ.
Македонија
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.
Воедно, како што стои во соопштението на Министерството, се апелира до сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.
За помош и асистенција, граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив – Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 Е-пошта: [email protected].
Понатаму, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736, Е-пошта: [email protected].
Оттаму додаваат дека во рамки на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција.
-На крај, уште еднаш ги повикуваме нашите државјани кои се наоѓаат во погодените региони, доколку им е потребна конзуларна помош, без одложување да се обратат на наведените СОС контакти, стои во соопштението на МНРиНТ.