Македонија
1.192 нови случаја на Ковид-19 – починаа 22 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.211 тестирања, а регистрирани се 1.192 нови случаја на Ковид-19, и тоа во: Скопје-571, Куманово-63, Дебар-15, Штип-50, Прилеп-51, Тетово-87, Струга-10, Велес-42, Битола-43, Охрид-49, Кавадарци-15, Гостивар-40, Гевгелија-6, Струмица-36, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-6, Кочани-27, Пробиштип-14, Демир Хисар-5, Берово-1, Виница-7, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-7, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-2.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-206, Куманово-15, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-17, Тетово-11, Велес-3, Битола-9, Кавадарци-11, Гостивар-4, Гевгелија-4, Струмица-14, Радовиш-3, Кочани-27, Пробиштип-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-3, Свети Николе-1, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.
Починати се 22 лица – осум пациенти од Скопје (78, 78, 61, 60, 81, 70, 84 и 51), двајца од Штип на 80-годишна возраст, еден од Прилеп (65), двајца од Тетово (41 и 66), двајца од Велес (75 и 57), двајца пациенти од Битола (71 и 66) и двајца од Охрид (54 и 73), еден пациент од Гостивар (72), еден од Крушево (81) и еден пациент од Пехчево (53). Од нив, еден е починат вон, другите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 35.097, бројката на оздравени пациенти е 22.024, на починати е 1.071, а бројот на активни случаи изнесува 12.002. Денеска се регистрираат три контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 15.313, активни 5.668
• Куманово 2.454, активни 521
• Дебар 362, активни 68
• Штип 1.796, активни 346
• Прилеп 1.571, активни 648
• Тетово 2.460, активни 726
• Струга 858, активни 125
• Велес 966, активни 542
• Битола 814, активни 353
• Охрид 822, активни 325
• Кавадарци 585, активни 251
• Гостивар 1316, активни 285
• Гевгелија 425, активни 189 (21 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 70 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.074, активни 586
• Крива Паланка 259, активни 107
• Радовиш 258, активни 89
• Крушево 41, активни 18
• Кочани 784, активни 229
• Пробиштип 228, активни 81
• Демир Хисар 92, активни 25
• Македонски Брод 105, активни 8
• Пехчево 60, активни 6
• Берово 222, активни 53
• Валандово 111, активни 36
• Виница 201, активни 84
• Делчево 275, активни 120 (68 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 71, активни 41
• Свети Николе 510, активни 99
• Кичево 619, активни 201
• Ресен 267, активни 80
• Неготино 178, активни 92 (19 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3.211 теста се преку: ИЈЗ – 977, ЦЈЗ Скопје – 180, „Авицена“ – 497, „Биотек“ – 260, МАНУ – 297, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 275, „Систина“ со PCRметода – 230, лабораторија „Лаор“ – 61, Судска медицина – 17, ЦЈЗ Битола – 104, Инфективна клиника – 12, ГАК – 0, „Синлаб“ – 153, „Ремедика“ – 41, лабораторија во болницата во Козле – 0, Здравствен дом – Скопје (рапид-тест) – 107, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 259.115 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 160 пациенти. На кислородна поддршка се 130 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 22 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во Институтот за ТБЦ хоспитализирани се 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 70, а во болницата во Штип – 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево и во Кавадарци хоспитализирани се 421 позитивен и сомнителен на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 321
• Гази Баба – 757
• Аеродром – 927
• Карпош – 805
• Центар – 762
• Кисела Вода – 699
• Ѓорче Петров – 460
• Бутел – 316
• Шуто Оризари – 70
• Студеничани – 24
• Сарај – 51
• Арачиново -14
• Илинден – 131
• Сопиште – 47
• Чучер Сандево – 30
• Петровец –50
• Зелениково -24
• Странец – 67
• Нераспределен – 113
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски
Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и законитоста на одлуките за вонредна состојба што беа донесени во времето на пандемијата.
„Навистина мислев да не му давам значење на господинот Мицкоски, затоа што ја разбирам неговата потреба катастрофалните резултати од своето досегашно владеење да ги покрива со коментари за работи кои не ги разбира“, наведува Пендаровски во писмена реакција, додавајќи дека „за жал, на експертот за енергетика претходно не му ги објасниле неговите големи правници“.
Тој потсетува дека Уставниот суд уште пред повеќе од пет години потврдил дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите.
„Уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата. Дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции, кои сега се под тотална контрола на Мицкоски, можат да го проверат кога сакаат, ако сакаат“, додава поранешниот претседател.
Тој истакна и дека сите одлуки за прогласување на вонредна состојба биле доставени до Собранието веднаш по завршувањето на секоја вонредна состојба.
„Мене ми е јасно дека и ова образложение нема да го спречи Мицковски да продолжи неосновано да обвинува и клевети, затоа што тоа е, за жал, единствениот начин на кој е научен да владее“, заклучува Пендаровски.
Изјавата на Пендаровски следи по денешниот коментар на премиерот Мицкоски, кој го повика Обвинителството да постапи по допрен глас поради наводите на хирургот Жан Митрев дека во времето на вонредната состојба, тогашната власт, предводена од СДСМ, односно премиерот Зоран Заев и тогашниот министер Венко Филипче сакале да ја преземат неговата приватна клиника. Мицкоски во таа пригода посочи дека „се случувале мафијашки упади“ и дека некои од уредбите што биле носени сè уште не се разгледани од страна на Собранието, со што, според него, има сомнежи и за одговорност на поранешниот претседател Пендаровски.
Македонија
„Блаже Конески“ го почнува второто полугодие со нов лик – модерно училиште со 16 училници, библиотека, сала, кујна
Општина Аеродром денеска го пушти во употреба новоизградениот дел од ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин. На свеченоста присуствуваа градоначалникот Дејан Митески, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
По 70 години, училиштето доби современ лик и услови за квалитетно образование. Новите училници, кабинети и заеднички простории обезбедуваат простор за развој на учениците и подобри услови за наставниците.


Проектот е капитална инвестиција на Општина Аеродром, реализирана со поддршка од Владата, вреден 200 милиони денари. Во новиот дел на училиштето се изградени 16 модерни училници и кабинети, библиотека, сала со бина, лифт, кујна и трпезарија, енергетски ефикасна фасада и целосно пристапни услови за сите ученици.
Втората фаза од овој проект веќе е започната и опфаќа изградба на спортска сала, 10 нови училници, кабинет за информатика, нова библиотека, просторен хол за активности и партерно уредување на дворот со игралишта, зеленило и нов паркинг, со вкупна вредност од 253 милиони денари.

Овој капитален проект ја потврдува посветеноста на Општина Аеродром кон развој на современо, безбедно и достапно образование за сите ученици.
Македонија
Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев сакале да му ја преземат приватната клиника. Мицкоски оцени дека таквите „мафијашки упади“ се случувале токму во периодот на вонредната состојба и побара Обвинителството да постапи по допрен глас.
„Не сум изненаден, знаевме какви мафијашки упади се случуваа, особено кога се носеа вонредни состојби и со уредби на сила се надсинхронизираа законите и Уставот“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за сведоштвото на Митрев.
Тој посочи дека нема дополнителен коментар, но очекува Обвинителството да се произнесе: „Немам што да коментирам, претпоставувам би требало Обвинителството по допрен глас да коментира. Но тоа мене не ме изненадува.“
Мицкоски додаде дека има повеќе сведоштва за однесувањето на тогашната влада во периодот на вонредната состојба и укажа на уредбите со законска сила што тогашниот претседател Стево Пендаровски ги носел:
„Сè уште тие законски уредби и одлуки на Пендаровски Стево во тој период стојат непоминати во Собранието. Треба да видиме и Собранието да се произнесе во периодот што следи што со тоа, дали можеби има и одговорност тука од страна на поранешниот претседател Пендаровски Стево и пред законите и пред Уставот.“
Според Мицкоски, постојат основани сомневања дека дел од тие одлуки биле спротивни на Уставот и законите. „Ќе чекам да видам дали Обвинителството ќе постапува по допрен глас – истото што го чекаат сите граѓани во Македонија“, додаде премиерот.

