Македонија
163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 87, Куманово – 7, Дебар – 2, Штип – 10, Прилеп – 3, Тетово – 16, Струга – 8, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Демир Хисар – 1, Гостивар – 8, Струмица – 1, Кратово – 1, Свети Николе – 9, Кичево – 3, Ресен – 5.
Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица, и тоа од: Скопје – 126, Куманово – 31, Штип – 11, Прилеп – 1, Тетово – 45, Велес – 7, Кавадарци – 1, Гостивар – 1, Кочани – 1, Свети Николе – 2, Ресен – 2, Неготино – 2.
Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиниката за токсикологија почината е пациентка на 79 години кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем.
Во ГОБ „8 Септември“ починати се четворица пациенти на возраст од 58, 61,62 и од 66 години. Во Општата болница Тетово почина пациент на 53 години. Во „Филип Втори“ („Жан Митрев“) починат е пациент од Дебар на 52 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.406, бројката на оздравени пациенти е 3.554, на починати – 359, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.493. Еден од вчерашните тестови е контролен, а во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје – 3.573, активни 1.895
• Куманово – 813, активни 174
• Дебар – 118, активни 65
• Штип – 404, активни 159
• Прилеп 286, активни 55
• Тетово – 805, активни 343
• Струга – 282, активни 181
• Велес – 198, активни 37
• Битола – 63, активни 22
• Охрид – 210, активни 181
• Кавадарци – 22, активни 15
• Гостивар – 180, активни 109
• Гевгелија – 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица – 18, активни 10
• Крива Паланка – 17, активни 11
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 7, активни 3
• Кочани – 75, активни 17
• Пробиштип – 28, активни 17
• Демир Хисар – 3, активни 2
• Македонски Брод – 6, активни 4
• Пехчево – 6, активни 2
• Берово – 3, активни 0
• Валандово – 6, активни 2
• Виница – 4, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 6, активни 3
• Свети Николе – 56, активни 49
• Кичево – 52, активни 43
• Ресен – 127, активни 87
• Неготино – 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.794 теста се преку: ИЈЗ – 1.002, „Авицена“ – 102, „Биотек“ – 155, МАНУ – 123, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 209, Судска медицина – 14, „Систина“ со PCR-метода – 148, ЦЈЗ Битола – 41. Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 89 пациенти. На кислородна поддршка се 57 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 1 дете позитивно и 1 суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 45, а во болницата во Штип – 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и во Гостивар хоспитализирани се 106 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 348
• Аеродром – 152
• Бутел – 155
• Гази Баба – 194
• Центар – 142
• Карпош – 149
• Сарај – 129
• Кисела Вода – 113
• Ѓорче Петров – 108
• Студеничани – 107
• Шуто Оризари – 84
• Арачиново – 45
• Илинден – 29
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 17
• Сопиште – 8
• Зелениково – 9
• Странец – 1
• Нераспределен – 89
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Милошоски-Миљаниќ: Заемно унапредување на политичкиот дијалог и соработката
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Црна Гора, Зоран Миљаниќ.
На средбата беа потврдени пријателските македонско-црногорски односи помеѓу двете држави кои се базирани на традиционално пријателство, долгогодишна конструктивна соработка и меѓусебна поддршка. Соговорниците ја истакнаа важноста од понатамошно унапредување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во области од заемен интерес.
Исто така, беше потенцирана заедничката заложба на земјите кон полноправно членство во Европската Унија, како и подготвеноста за продлабочување на парламентарната соработка и размена на искуства во насока на спроведување на реформските процеси.
Македонија
(Видео) Стојаноски: Работниците не добија ветувања, добија повисоки плати
Кога бевме опозиција, застанавме со работниците затоа што имаше реален проблем – платите доцнеа, колективните договори не се почитуваа и се подготвуваа законски измени со кои минималната плата требаше да се исфрли од формулата за пресметка. Тоа ќе значеше прекин на линеарниот раст и слабеење на заштитниот механизам за илјадници вработени, кажа Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Тогаш, како што дополни заедно со синдикатите, биле поднесени над 40 амандмани.
Не дозволивме, додава пратеникот, минималната плата да биде отстранета од системот.
„Тоа е причината зошто денес, кога расте минималната плата, растат и останатите примања.
Разликата денеска е суштинска. По две години управување со државата, не зборуваме за барања – зборуваме за реализирани договори. Во општините платите се зголемени во просек за околу 5.000 денари. Во основното и средното образование обезбедивме раст од 46% до 60% во четиригодишен период. Во високото образование зголемувањето е минимум 14%. Во здравството – од 40 до 50% во еден мандат. Полициските службеници добија 10%, социјалните работници 20%, а околу 11.000 административци, судски и обвинителски службеници имаат гарантирано покачување од 40% до 2028 година“.
Според него, сите колективни договори се испочитувани, платите се исплаќаат редовно.
„Инфлацијата е стабилизирана од двоцифрени стапки на едноцифрена стапки на инфлација.
Ова се системски решенија, не се импровизации. Оваа Влада вака го реализира договорот со работниците. Ние не бегаме од дијалог за минималната плата, но решенијата мора да се носат институционално – во Економско-социјалниот совет, со одржлив пристап што ја штити и економијата и буџетот. Кога сме во опозиција – спречуваме штета. Кога сме на власт – обезбедуваме раст.
Работниците заслужуваат сигурност, договор што важи и политика што носи резултати“.
Македонија
Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС, и тие на тој начин самите се издаваат дека Зоран Заев летал со целото семејство во Амстердам на одмор и дека најчеста дестинација на авионот била Ниш во времето на владите на СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ во кое бараат да кажат кој летал со владиниот авион.
„Го поздравуваме интересот на СДС во однос на темата со владиниот авион, бидејќи самата тема покрај ситно политичките поени кои сака да ги добие СДС што секако ги занемаруваме, отвора и други значајни аспекти. Треба СДС пред да влезе во материјална и теснограда расправа за владиниот авион да биде свесна дека ние сме држава врз која има еден нерасветлен атентат врз претседател, и уште еден инцидент на трагично загинат претседател на држава и тоа со владино летало. Актуелното владино летало од кое СДС и Венко Филипче правват евтин сензационализам е старо 20 години, купено 2005тата година и од 2017та до сега се потрошени околу 4 милиони евра за поправки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно, додаваат од партијата, индикативно и би можело да се оцени за крајно лицемерно е поведението на лидерот на СДС Венко Филипче кој зад затворени врати го поддржа купувањето на новиот владин авион, а во јавноста се противи поради ситен партиски интерес и гол популизам.
„Кој Венко се противи, тој кој во 4 ѕида вели купете авион, или тој кој пред микрофони вели не купувајте авион, дадете пари за минимална плата? Ова се вика дефиниција за лицемерие. СДС шири лажни вести“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

