Македонија
Затвор за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и сексуални услуги за преодни оценки
Обвинетиот Бобек Шуклев за примање поткуп е осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци, обвинетиот Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп доби казна затвор од четири години, Драган Денковски за три кривични дела давање поткуп судот му изрече алтернативна мерка условна осуда и му утврди единствена казна затвор од 2 години, која нема да се изврши ако не стори ново кривично дело во наредните пет години.
Судот на Шуклев и на Ристевски им изрече забрана за вршење професија од дејност или должност во образовниот процес во траење од пет години. Исто така, и за обвинетиот Драган Денковски, сметано од денот на правосилноста на пресудата. Времето поминато во затвор се засметува во времето на траењето на забраната.
Од Шуклев се одземаат предметните банкноти.
Оваа е второ судење за предметот „Еразмус“ бидејќи во јуни 2021 година предметот падна на Апелација кога беше потврдена само ослободителната пресуда за професорот Стојан Дебарлиев.
Апелација го врати предметот „Еразмус“ на повторно судење и не ги потврди затворските казни за професорите од Економскиот факултет, кои претходно ги изрече Кривичниот суд.
Тројцата професори, Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски, како и демонстраторот Драган Денковски, беа гонети за примање поткуп од студенти за пишување преодни оценки. При изрекување на пресудата, за професорите Шуклев и Јанев, судијата дополнително рече дека е утврдено оти барале и сексуални услуги од студентки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

