Свет
(Видео) Израел oфицијално потврди дека во 2007 бомбардирал нуклеарка во Сирија

Израелската војска денеска за првпат потврди дека во 2007 година извела воздушен напад во Сирија, во кој уништила објект за кој претпоставувала дека е нуклеарен реактор, нагласувајќи дека со тој напад била отстранета најголемата закана за Израел и регионот и дека тоа е порака за другите.
„Со таа операција и со нејзината успешност јасно е ставено до знаење дека Израел никогаш нема да дозволи нуклеарното оружје да се најде во рацете на оние кои ја загрозуваат неговата егзистенција – тогаш Сирија, а денеска Иран“, објавил израелскиот министер за разузнавање, Израел Кац на „Твитер“.
Кац го објавил тоа неколку часа пред официјалната потврда на Израел.
„Пораката на нападот врз реакторот во 2007 година е дека Израел нема да толерира изградба што може да претставува егзистенцијална закана. Тоа било порака во 1981, тоа било порака и во 2007 и тоа е идна порака за нашите непријатели“, нагласил началникот на Генералштабот на израелските вооружени сили, Гади Еизенкот.
Инаку, во време на нападите во 2007 година Сирија го обвинуваше Израел дека го нарушува нејзиниот воздушен простор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога мировните преговори се во застој.
Според здравствени извори, голем дел од жртвите се убиени додека чекале хуманитарна помош во близина на граничниот премин Зиким со Израел. Меѓу загинатите има и четири лица од иста семејна зграда во градот Газа.
Организацијата на Обединетите нации предупреди на ризик од масовна глад во енклавата, и покрај тврдењата на Израел дека не ги блокира доставите на помош. Според ОН, големиот дел од помошта не може да стигне до населението поради воени блокади и грабежи.
Преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас се прекинати, откако американските и израелските преговарачи се повлекоа од Катар. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека се разгледуваат „алтернативни опции“, додека Хамас смета дека повлекувањето било тактика на притисок.
Свет
Поради пожарите во Турција евакуирани се над 2.600 лица

Турската Дирекција за управување со вонредни ситуации (АФАД) евакуираше 2.619 лица откако оваа недела Турција се соочи со серија интензивни шумски пожари во повеќе провинции, јави весникот „Дејли сабах“.
Пожарите, поттикнати од екстремно високи температури, силен ветер и сушно време, мобилизираа илјадници спасувачи и доброволци кои учествуваат во гаснењето на огнот. Екипите се активни од воздух и копно, а според АФАД, ангажирани се 4.231 лице, 45 летала и 1.236 копнени возила.
Најтрагичниот инцидент се случи во средата, во руралниот дел на провинцијата Ескишехир, каде животот го загубија десет лица – пет шумски работници и пет припадници на организацијата АКУТ за пребарувачко-спасувачки операции, додека се бореле со огнената стихија.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изјави во петокот дека во гаснењето учествуваат 27 авиони, 105 хеликоптери, 6.000 возила и 25.000 лица. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите.
Свет
Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин.
„Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји.
Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет глад во Газа. Трите европски престолнини ја повикуваат европската влада веднаш да ги укине ограничувањата за испорака на помош.
Франција, Велика Британија и Германија, исто така, потсетуваат дека Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право.
„Дојде моментот да се стави крај на војната во Газа“, додадоа тие и ги повикаа сите страни да го прекинат конфликтот со склучување на договор за моментално прекин на огнот.