Скопје
И на фаворизираната страна на Арсовска, воздухот во Скопје е нездрав, а мерки нема

Скопјани и вечерва дишат загаден воздух, покажуваат двете веб-страниците за мерење на квалитетот на воздухот – iQair и WAQI.
Така, според страницата „iQair“ Скопје вечерва е на десеттото место во светот според загаденоста. Според овие податоци, индексот на квалитетот на воздухот во главниот град изнесува 176, што укажува на ниво опасно по здравјето. Во исто време, концентрацијата на ситните честички прашина ПМ 2,5, кои продираат длабоко во белите дробови и можат трајно да му наштетат на здравјето, е 20,8 пати поголема од вредноста што ја смета за дозволена Светската здравствена организација (СЗО).
Градоначалничката Данела Арсовска, претходно денес, ги оспори податоците од „IQair“ како невистинити . Упати на следење на светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот.
Но, и таму, скопскиот воздух не е пријатен за дишење.
Соред овие податоци, состојбата во Струмица е најалармантна со измерени 336 микрограми на метар кубен, но и бројките во скопските населби се далеку над дозволените граници.
Лисиче
Гази Баба
Центар
Карпош
Ѓорче Петров
Скопје вечерва е загадено и според податоците објавени на страната на Министерството за животна средина.
И покрај високите бројки, но и видливоста на загадувањето вечерва и без нив, засега не се воведени мерки на територијата на Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 150мм на улицата Самоилова бр.50 во Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Самоилова, улицата Јоаким Крчовски и улицата Банатска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:40 часот до завршување со санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Карпош и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Франце Прешерн, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев, општина Аеродром.
Македонија
Ѓорѓиевски на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина: „Заедно создаваме одржлива иднина“

Градоначалникот на oпштина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, на покана на првиот вицепремиер Изет Меџити, денес присуствуваше на настан по повод Светскиот ден на животната средина. Настанот се одржа под мотото „Заедно создаваме одржлива иднина“ и опфати низа активности насочени кон унапредување на одржливите политики и практики во заштитата на животната средина.
„Денес, на покана на првиот вицепремиер Изет Меџити, присуствував на настанот на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, под наслов ‘Заедно создаваме одржлива иднина’. Програмата вклучуваше конференција со две панел-дискусии кои беа фокусирани на одржливото управување со заштитени подрачја, одржливото управување со отпадот и примената на современите зелени технологии.
Имавме чест да видиме и неколку презентации од учениците од Скопје и Македонија, кои се дел на ГЛОБЕ програмата со мрежата за искуствено учење, со акцент на значењето на искуственото еколошко образование во оформување на свесни и одговорни генерации поддржано од УНИЦЕФ и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Нека заштитата и унапредувањето на животната средина и понатаму останат да бидат врвен приоритет, кој ќе резултира со нови парковски површини на места каде што постојат депонии, со акции за чистење и за пошумување, со едукација за правилна селекција и одложување на отпадот и бројни иницијативи за подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Заедно можеме“, истакна претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.