Контакт

Македонија

Пуштен патот Градско – Прилеп, се вози само по една лента

Објавено пред

Сообраќајот на патниот правец Градско – Прилеп, кој беше  во прекин поради извлекување  возило од сообраќајна незгода, сега е оспособен и се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Претходно, АМСМ јави дека сообраќајот е во прекин од 11 часот.

Македонија

Сугарески: Нема вмешани функционери на СДСМ во ,,Рекет”

Објавено пред

Остануваме посветени на заложбата од Декларацијата што ја донесовме за борба против криминал и корупција, комуникацијата во партијата е одлична меѓу сите функционери, судските органи можат да ги употребат сите алатки за кој било функционер од СДСМ, рече членот на Централниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања во однос на објавата на документ од истрагата за случајот „Рекет“ во дел од порталите, по што вчера премиерот Зоран Заев, министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска и пратеничката Фросина Ременски најавија тужби и отфрлија каква било вмешаност

,,Според нашите сознанија нема вмешани функционери на СДСМ во овие случаи. Добар дел, без оглед дали е тоа Фејсбук статус, тоа е нивна изјава, многу јасно го кажаа она што го мислат”, рече Сугарески.

Според него, судските органи и Јавното обвинителство можат да проверат се за кој било во партијата. ,,Подготвени сме, посочи, доколку се докаже некаква одговорност за кој било функционер да ја понесеме одговорноста. Апсолутно нема простор кој било да биде амнестиран поради тоа што е на која било позиција во владата или во СДСМ. Остануваме посветени на тоа, а судските органи можат да ги употребат сите алатки за кој било функционер од СДСМ”, рече Сугарески.

Кај СДСМ, како што вели, има очекување и надеж дека може да дојде до договор помеѓу работните групи со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и да се донесе законот за Јавно обвинителство.

,,Според моите информации утре продолжуваат разговорите на работните групи со опозицијата за новиот закон за ЈО. СДСМ во изминатиот период инсистираше да се постигне договор и се што прави моментно е во правец на тоа да биде да биде донесен законот за Јавно обвинителство. Од наша страна ќе биде направено се, се надеваме. И вчера премиерот кажа дека предлозите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел се внесени во Предлог законот. Очекуваме во наредниот период и реално кај нас постои надеж дека може да се дојде до договор и да не донесе законот за ЈО”, рече Сугарески.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски:Кога ќе биде повикан Заев во обвинителството?

Објавено пред

,,Зоран Заев и целото раководство на СДСМ се во длабок очај. Откако Јавното обвинителство и продолжената рака на Зоран Заев, Вилма Русковска ја потврдија веродостојноста на исказот на оштетениот што излезе во медиумите пред само два дена, целата криминална банда од СДСМ побрза да се заканува до медиумите со тужби до медиумите”, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, додека се закануваа вчера кон медиумите, никој од нив, ама баш никој не се осмели да објасни што правеле тие самите на средби со осомничените во случајот ,,Рекет”, што разговарале, дали и колку пари земале од изрекетираните бизнисмени и најважното, дали и зошто Зоран Заев ја опструирал истрагата?

,,Цели 4 месеци, Вилма Русковска го имала исказот на оштетениот и не се ни осмелила да ги повика на разговор ниту Заев, ниту Шекеринска, ниту фамилијата Ременски, ниту пак синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, ниту пак никој друг од раководството на СДСМ кој што на било каков начин е инволвиран во целиот случај.Да потсетиме дека истата таа Вилма Русковска заради исказ на обвинет во случајот со 27-ми бараше да им се изрече притвор на неколку лица, само заради тоа што беа спомнати во исказ на еден обвинет. Ете ги двојните стандарди на дело.

Прашуваме кога ќе биде повикан Зоран Заев во обвинителството и да каже како го штител Бојан Јовановски и да каже зошто ја опструирал истрагата?Кога ќе биде повикана Радмила Шеќеринска да даде исказ во обвинителството што разговарале со Боки 13 кај него дома и што правел нејзиниот сопруг во домот на оштетениот?Кога ќе биде повикана фамилијата Ременски која се заканува со апсење на социјалните мрежи?Кога ќе биде повикан синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, и да каже на кој начин ги склучувале договорите за рекламирање на бизнисмените и компаниите со телевизијата.СДСМ и Зоран Заев се готови.

Истрагата се води многу штуро и многу непрофесионално. Но, затоа сепак голема среќа што јавноста врши огромен притисок што побрзо да се разреши.Бараме веднаш, ама веднаш да бидат повикани и да дадат исказ сите инволвирани во случајот Рекет.Обрачот се стега околу главата на криминалниот октопод. Зоран Заев е на самиот крај на политичката кариера. Одговорност мора да има за сите и потребни се предвремени парламентарни избори кои ќе донесат обнова на Македонија!”, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стоилковски: Антикорупциска и обвинителството се очигледно потчинети на државната мафија

Објавено пред

Институциите ДКСК и ЈО се очигледно потчинети на државната мафија. Потчинети на Зоран Заев, на Рашковски, на Анѓушев.Директно ги прашувам:Дали членовите на ДКСК се согласиле да ја преземаат одговорноста да бидат алиби за криминалот и корупцијата на државната мафија?
Дали антикорупционерите по сиот спектакл за нивен избор, за пополнување на празнината за борба со корупцијата создадена токму од власта, сега прифаќаат улога да остават простор и време за корупцијата да продолжи, со тоа што антикорупционерите „Отворила предмет“?,изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, во време на незапаметени огромни меѓународни криминални корупциски скандали на власта, со месеци се чекаат ставовите на антикорупционерите. Отворен предмет значи можност на ЈО да не работи, криминалот и корупцијата да продолжат и натаму, а во меѓувреме да се влијае на докази и на сведоци.

,,Антикорупциска за отворени предмети како Тополки и за Леонардо е срамно алиби за наводно функционирање на системот, кој во исто време врши тортура врз медиуми и новинари заради откривање на корупција, токму во овие предмети.Леонардо е пример за чиста корупција, а антикорупционерите над 50 денови имаат предмет и немаат став, а државата напаѓа медиуми, се носат новинари во полициски станици, се најавуваат кривични пријави против нив! Зар ДКСК ќе дозволил да почне кривична постапка против новинари, а тие уште ќе градат став „по допрен глас“? Очигледно е дека постои притисок од државната мафија, за толку јасен случај да нема разврска. Колку време им треба на антикорупционерите за да увидат дека не му е местото на Драги Рашковски како Генерален секретар на Владата да договара тајни средби која компанија да добие тендер, па да договара што да се дополни, што да се менува, колкава ќе е авантата.

Антикорупционерите немаат став ниту за Тополки. Внимавајте Вицепремиерот Анѓушев ја убедил владата за во директна спогодба со Владата да се дозволи и даде земја за да се отвори бизнис на семејни компании на Анѓушеви. Антикорупционерите предметот го имаат од 9 мај. Четири месеци нема никаков заклучок од антикорупционерите за ваков невиден милионски скандал. Дали чекаат Кочо да ги изгради хидроцентралите , да почне да продава струја, можеби и да падне власта и да застари случајот?

Антикорупционери со месеци оставаат простор, обвинителите молчат или среде истрага покриваат владини функционери, корупцијата цвета а државата тоне во сиромаштија и долгови. Ова е класичен пример за злоупотреба на положбата, класичен пример за работа на ДКСК и ЈО под директен притисок и управување од државната власт, од државната мафија од извршната власт. Институциите кои што треба да се со интегритет и високо професионално и етичко ниво, се класичен пример за намерно соучество во корупција и криминогено делување. Ваквото неодговорно однесување на институциите заради власта која што тоне во криминал и корупција, мора да бидат предмет на истрага за можна злоупотреба на службените положби и овластувања.
На Македонија и се потребни итни избори по кои што секој еден случај ќе биде разгледан од независни институции и ќе има и одговори и одговорност!”, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

Шест луѓе повредени откако гром удри на голф турнир во Атланта (видео)

Шест гледачи беа повредени откако гром удри во дрво во саботата навечер на голферскиот турнир, Тур шампионат во Атланта, Џорџија....

Македонија2 часа

Ветрот го шири пожарот кај Опеница, кризниот штаб бара решение

Поради сериозноста на ситуацијата заседава Кризниот штаб на Општина Охрид кој бара решение како да се изгасне пожарот кој се...

Топ3 часа

Ресенчанец со фалц диплома станал полицаец, се запишал на факултет и го унапредиле во инспектор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од село Асамати, Ресенско, поради „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став1 од...

Свет3 часа

Трамп размислува да ја повика Русија на следниот Самит Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Бијариц дека е „можно“ тој да ја покани Русија да се врати на годишниот...

Свет4 часа

НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите кои ги уништуваат ,,белите дробови” на светот

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонија која се нарекува...

Европа5 часа

Уапсени 68 учесници на протестот против Самитот Г7 во Франција

Француските власти соопштија дека уапсиле 68 лица кои учествувале на напнатиот протест во близина на Бијариц, каде се одржува самитот...

Регион6 часа

Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на...

Спорт6 часа

Ѓоковиќ: Мојата сопруга е помоќна од мене – секогаш пишува нешто

Новак Ѓоковиќ во ново интервју пред САД опен во Њујорк, последниот гренд слем од сезоната, се отвори за својот личен...

Македонија6 часа

Прв рок за упис на скопскиот универзитет на 29 и 30 август

Првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е...

Спорт7 часа

Ковалев го „здроби“ Јарди во 11. рунда, сега го сака Канело (видео)

Шампионот Сергеј Ковалев го „уништи“ британскиот предизвикувач Ентони Јарди со нокаут во 11. рунда од нивниот меч за ВБО титулата...

Свет18 часа

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и...

Македонија21 час

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба...

Македонија21 час

(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино...

Свет22 часа

Во пожар на Алјаска изгореа 51 куќа и три згради

Шумски пожар којшто гори северно од Анкорејџ, Алјаска, уништи 51 куќа и три деловни згради, соопштија властите. Уништени се и...

Европа22 часа

Макрон апелираше за помош за сузбивање на пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска пред почетокот на самитот на Г7 во Бијариц дека ги повикува сите светски сили...

Македонија1 ден

(Видео) Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој...

Регион1 ден

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Македонија1 ден

Германски државјанин што се барал со потерница, живеел со лажен идентитет на Попова Шапка

Педесет и петгодишен Германец кој германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин деновиве бил приведен во земјава....

Македонија1 ден

Еден мигрант загина, а 12 се повредени во несреќата кај Демир Капија, возачот побегнал

Едно лице од Бангладеш почина, а 12 други се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот Демир...

Досие