Свет
(Видео) Трамп ќе гради челична ограда наместо ѕид, бара 5,7 милијарди долари
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во своето обраќање до нацијата од Белата куќа побара 5,7 милијарди долари за челична ограда на границата со Мексико.
„На барање на демократите, тоа ќе биде челична ограда, а не бетонски ѕид“, изјави синоќа Трамп, кој говореше за растечката хуманитарна и безбедносна криза, во момент кога спорот околу ѕидот доведе до делумни блокади на владата во САД.
„Нашата јужна граница е место за влез на голема количина дрога, вклучувајќи метамфетамин, хероин и кокаин“, изјави Трамп, повторно обвинувајќи ги демократите дека одбиваат да ја финансираат граничната безбедност.
За време на деветминутниот говор, Трамп не го спомена воведувањетопосебни вонредни мерки, за кои говореше претходно.
Тој утре би требало да ја посети границата со Мексико.
Поради несогласувања со демократите, повеќе од две седмици делумно е блокирана работата на сојузните власти во САД. Трамп изјави дека нема да попушти и ќе продолжи да бара повеќе од пет милијарди долари за изградбата на ѕидот на границата со Мексико, во борбата против илегалната миграција.
Делумната блокада на работата на сојузните органи опфаќа околу 800 000 вработени ширум САД, кои се на принуден одмор или работат без паричен надоместок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.