Македонија
Ковачевски за уставните измени: За првпат сме во ситуација да немаме вето од надвор туку од внатре
Уставните измени не претставувват никакво идентитетско прашање. Ова го посочи премиерот на Македонија Димитар Ковачевски во рамки на официјалната посета на Берлин кој оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц и беше пречекан со највисоки државни почести.
„Членстовото во ЕУ не е цел само на една политичка партија, туку и Владата и сите коалициони партнери се посветени на овој дијалог. Најлесно е да бидете политичар кој збори за минатото, на Западен Балкан му требаат политичари кои зборуваат за иднината. Ние за првпат сега се наоѓаме во ситуација да немаме вето од надвор, туку од внатре и затоа ги повикувам пратениците и партиите од опозицијата да го поддржат процесот. Ова не е процес на еден човек и Влада, туку широк и општествен процес. Членството во ЕУ не е цел само на една партија и не може целта на интеграција во ЕУ да биде помала цел од политичка кариера на било кој политичар во нашата држава“, кажа Ковачевски.
Ковачевски порача дека амандманите за уставните измени се подготвени во Министерството за правда.
„Пратениците се претставници на граѓаните а граѓаните сакаат во ЕУ . Нашите сограѓани сакаат нивните деца да останат дома. ЕУ е наша единствена цел а подобар договор од овој нема. Патот не е лесен но мора да се изоди. Не смееме да ја пропуштиме оваа историска шанса, гласот за уставните измени е глас за европсата иднина, додаде Ковачевски.
Ковачевски му се заблагодари на канцеларот Шолц за посетата со реченица на германски јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени
Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево, -12 во Пожаране, -11 во Крива Паланка, -10 Ѓуриште, Берово, -9 Тополчани, Битола, Прилеп, Охрид, -8 Виница, Претор, Тетово, Струмица, -7 Скопје-Петровец, -6 Штип, Демир Капија, -5 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Кавадарци, Велес, -1 Гевгелија.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот утрово изнесува 26 сантиметри на Попова Шапка, 15 Крушево, 5 Ѓуриште, 2 Тетово и Берово.
Времето денеска
Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3 степени.
Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.

