Македонија
Спасовски: Холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски денеска се обрати на Комеморацијата по повод сеќавањето на жртвите од Геноцидот над Ромите во рамки на Втората Светска Војна – 2 август, на платото пред Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.
На свеченоста присуствуваа и министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите, Музафер Бајрам и главниот извршен директор на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикарио.
„Со овој настан денеска, одбележуваме еден од најтрагичните настани и процеси во историјата на човештвото – Холокаустот што за време на Втората светска војна бил извршен врз Ромите и Синтите, како дел од најмрачната замисла за така нареченото „конечно решение“ на нацистичката и фашистичка закана врз слободниот свет во тој период. Ова е ден кога се сеќаваме дека меѓу 1933 и 1945 година, нацистите и нивните соработници убиле стотици илјади Роми – мажи, жени и деца – во деловите од Европа кои биле под фашистичка окупација. Ромите во Европа биле мета на прогон од страна на нацистите, а масовните убиства го достигнале врвот во периодот од 31 јули до 2 август 1944 година кога Германците ја почнале ликвидацијата во Аушвиц – Биркенау, кога само во овој камп на смртта биле убиени речиси 3.000 Роми“, изјави Спасовски.
Како што додаде, ова е еден од најголемите порази на човештвото во историјата и затоа холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен како што го нарекуваат – „заборавениот Холокауст“.
Затоа на овој ден им оддаваме почит и на сите активисти и истражувачи кои се дел од поширокото движење за правата на Ромите и се залагаат за признавање на овој геноцид, рече Спасовски.
Нагласи дека од огромно значење е што во 1982 година, германските власти официјално ги признаваат кривичните дела против Ромите во текот на Втората светска војна, а триесет години подоцна, канцеларката Ангела Меркел го отвора спомен обележјето посветено на геноцидот врз Ромите во Берлин.
„На 8 април 2015 година, Европскиот парламент усвои резолуција со која 2 август е прогласен за Европски ден на сеќавањето за холокаустот врз Ромите, со цел чествување на жртвите од геноцидот врз Ромите од Втората светска војна. Непризнавањето на криминалот кој се случил тогаш, се одразува врз долгорочната дискриминација на ромското население во Европа. Соодветното признавање на третманот на Ромите во минатото е од суштинско значење не само за да се обезбеди правда и достоинство на оние кои умреле, туку и за соочување со анти-ромскиот говор и однесување, и негово трајно отстранување“, рече Спасовски.
Тој вели дека активностите на Владата, покрај политиките на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот, вклучуваат и мерки во борбата против антисемитизмот, против негирањето и против обидите за искривено толкување на холокаустот, дискриминацијата, говорот на омраза, расизмот и другите форми на кршење на човековите права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

