Свет
Несреќа во Унгарија: возило полно со мигранти се судри со друго и се запали – има загинати и повредени
Тројца мигранти загинаа, а 11 се повредени во сообраќајна несреќа на југот на Унгарија, соопшти полицијата.
Возилото со 15 патници не застанало на полицискиот пункт и директно се судрило со друго возило, а потоа се запалило. Двајца патници починале на самото место, а третиот починал во болница. Уште 11 се префрлени во болници.
Возачот, државјанин на Грузија, е уапсен на местото на настанот поради сомнение за трговија со луѓе и невнимание, што довело до сообраќајна несреќа со смртни последици. Судирот се случил во близина на селото Боча, 122 километри јужно од Будимпешта, соопшти полицијата и додаде дека Грузиецот сакал да прошверцува 15 илегални мигранти.
Владини извори соопштија дека од почетокот на годината до границата со Унгарија стигнале 157.000 мигранти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos
Свет
Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.
Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.
„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.
Фото: Depositphotos

