Забава
Ајкула го гризнала за лицето додека ловел јастози

Фишер Хрицко (13) со татка си барал ракови, а додека бркал еден примерок, почувствувал тропкање на ногата. Ајкула му се приближила и успеала да скокне и да му го гризне лицето.
„Тој само скокна надвор викајќи: ‘Мамо, мамо, ајкула’. Извади ме одовде. Извадете ме од водата“, изјави мајката на Фишер Хриц, Рајанон, за Fox35.
„Видов голем јастог, го држев в рака. На пат кон површината почувствував удар на ногата, погледнав зад мене и ајкулата ми беше во лицето”, објаснило момчето. „Беше страшно, се обидов да избегам, но сè се случи бргу“, рече тој.
Мајката на Фишер била задолжена за чамецот додека тинејџерот и татко му биле во водата.
Boy, 13, details horrific moment he was bitten in the FACE by a shark while lobstering https://t.co/IuaPyzDC8H
— Daily Mail Online (@MailOnline) August 4, 2022
„Искрено, тоа беа најстрашните пет минути во мојот живот. Само што го слушнав тој ужас во гласот на детето, тоа е нешто што не можам да го извлечам од мојата глава“, рече таа.
Таткото на момчето вели: „Кога дојдов до него, видов крв како му тече по лицето и тогаш помислив `што се случи`. Дефинитивно, беше шокиран, малку плачеше. Сега ќе има кул приказна за раскажување кога ќе се врати на училиште“.
Кога Фишер и татко му се вратиле во чамецот, побрзале на брегот и во болница. Фишер добил 10 конци на усната.
„Дефинитивно, боли, но сега е добро“, рекол тој.
Фишер истакнува дека овој настан нема да го спречи да се врати во океанот.
„Подготвен сум, но се чувствувам како првите неколкупати да бидам малку исплашен, но ќе влезам во водтаа“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Најубавата актерка на светот покажа како се оди на Вимблдон

Се чини дека секое појавување на Џесика Алба привлекува внимание, па затоа нејзиното посетување на голем тениски турнир не помина незабележано.
Убавата актерка присуствуваше на спектаклот на трева со својата најстара ќерка Онор, а за таа пригода покажа уште едно совршено модно издание.
Фотографиите ги објави на својот официјален Инстаграм профил, па имавме можност да видиме што носи најубавата актерка на светот за секојдневни пригоди.
Како што можете да видите, таа се одлучи за лелеава летна тоалета во сина боја, која малку ја нагласува нејзината витка фигура. Додала бели патики и чанта во истата боја, а стајлингот го заокружила со едноставни додатоци и шминка во земјени тонови.
Што се однесува до нејзината ќерка Онор, ниту таа не отстапи од моделот на „лесен фустан“, а за оваа дневна верзија избра фустан со прерамки со цветни мотиви во црвена и сина боја. Изгледот го заокружи со едноставен накит и минимална шминка.
Забава
(Фото) Марија Шарапова целосно се промени

Никогаш поубава и никогаш посреќна, Марија Шарапова го покажа својот син!
Поранешната тенисерка Марија Шарапова неодамна се огласи на Инстаграм од посебна причина. Таа објави фотографија од својот син Теодор, кој го прослави својот трет роденден.
Како што можете да видите, петкратната освојувачка на Грен слем турнирите гордо позираше со својот наследник, а насмевката на нејзиното лице секако беше забележлива.
„Вистина е. Поминува толку брзо“, напиша Марија Шарапова, алудирајќи на „времето како лета“.
Марија Шарапова стана мајка во јули 2022 година, кога таа и нејзиниот свршеник Александар Гилкес го добија синот Теодор.
Иако повремено објавува фотографии од своето дете, поранешната тенисерка не крие колку улогата на мајка ѝ го променила животот, како и нејзиното „работно време“.
„Иако е работа со полно работно време, неверојатно е исполнувачко да се гледа како се развива ова мало човече“, рече еднаш шармантната Русинка.
Забава
Рита Ора го привлече целото внимание на фестивал: „Презгодна си“, „Изгледаш совршено“

Рита Ора го привлече целото внимание со своето појавување на фестивалот во Гластонбери, поточно, главна тема беше нејзиниот моден избор.
Познатата пејачка со албанско потекло, Рита Ора, имаше неколку значајни настапи на Гластонбери, со кои се пофали и на социјалните мрежи.
Не е тајна дека нејзиниот изглед е секогаш главна тема, а бикините се нејзиното омилено парче облека. И така беше и овој пат.
Пејачката позираше во скапо бикини од Burberry, вредни околу 500 евра. Својот аутфит го надополни со голем црн ремен и чизми.
Ова не е нејзиното единствено појавување на фестивалот. Рита го покажа и својот изглед од претходните денови. Една од комбинациите беше краток црн фустан со отворен грб, како и бел топ во комбинација со здолниште.
Не требаше долго време коментарите под нејзината објава да „експлодираат“.
„Презгодна си“, „Изгледаш совршено“, „Најубава си“, „Ова е премногу убаво“, беа некои од коментарите.