Забава
Базар на љубов и вино или мистичен тарот Валентајн? Изберете сами во „Скопје сити мол“
Во пресрет на денот на вљубените и денот на виното и лозјето, во “Скопје Сити Мол“ од 9 до 14 февруари ќе бидат организирани многу активности за сите посетители. Сите оние што ќе дојдат во молот ќе имаат шанса да ја посетат специјално подготвената поставка, каде што ќе има организирано љубовно гледање на тарот-карти.
Посетителите ќе имаат можност да дознаат што кријат за нив картите на љубовта и да станат учесници во трката за подароци. Но, во игра се и сите оние што ќе ја преземат/отворат апликацијата “MojCityMall“ на својот мобилен телефон и ќе ги пронајдат и скенираат QR-кодовите на петте букви што го формираат зборот ЉУБОВ. Овие кодови се поставени на неколку различни локации во молот, а наградите се оригинални и детално организирани: романтична вечера, љубовен состанок во “Синеплекс“ или ваучер за подарок од “Скопје Сити Мол“. Воедно, во овој период ќе биде отворен и шестдневен “Базар на љубовта и виното“.

Самите креативци за своите ракотворби изјавија: „Раскажуваме шарени визуелни приказни, со убав почеток и крај, приказни што долго ќе се паметат и со радост ќе се раскажуваат“. „Скопје Сити Мол“ е повторно поддршка на модерните занаетчии што рачно изработуваат автентични креации. Благодарение на сите овие активности и случувања, едно е сигурно – ќе ви биде екстра забавно и ве очекуваат незаборавни моменти во “Скопје Сити Мол“: дружење, забава, шопинг и многу љубов.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Со паста за заби против дамки и замаглени огледала
Иако најчесто се користи за одржување на оралната хигиена, пастата за заби може да има и неочекувана примена во чистењето на домот.
Поради благите абразивни состојки и средствата за избелување, таа може да помогне при отстранување дамки, спречување замаглување на стакло и чистење на фуги меѓу плочките.
Отстранување дамки
Пастата може да помогне при свежи дамки на теписи или мебел. Се нанесува мала количина врз дамката, се остава да се исуши, а потоа се брише со влажна крпа.
Исто така може да помогне при дамки од кафе или чај на шолји – доволно е да се нанесе на влажен сунѓер, да се истријат шолјите и потоа добро да се исплакнат.
Против замаглување на огледала
Мала количина паста нанесена на огледалото пред туширање може да создаде тенок заштитен слој што спречува кондензација и замаглување. Потоа огледалото се пребришува со мека крпа.
Чистење на фуги
Фугите меѓу плочките во кујната или бањата често собираат нечистотија. Експертите советуваат мала количина паста да се нанесе на стара четка за заби и со неа да се исчистат споевите.
Белата паста со благи абразивни својства може да ги осветли фугите без да ги оштети плочките.
Фото: Depositphotos
Забава
Борис Бекер призна: Ја изневерив додека беше во болница пред пораѓање, но доби „убав чек“
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер во ново интервју проговори за скандалите што го следеа неговиот брак и развод со поранешната сопруга Барбара Фелтус.
Бекер беше критикуван со години поради гласините дека ја изневерил сопругата додека таа се пораѓала со нивниот син Елијас. Во разговор во подкастот на Луис Теру, тој рече дека таа приказна не е целосно точна.
„Тоа не е точно, не беше во породилни болки. Беше во болница, но породувањето не беше почнато“, изјави Бекер.
Boris Becker opens up on cheating scandal while his wife was giving birth in hospital, Diddy’s infamous parties lasting ‘days’ and his ‘s*** time’ in jail in tell-all Louis Theroux interview https://t.co/ckDKbEJbyV
— Daily Mail (@DailyMail) March 3, 2026
Сепак, тој призна дека ја изневерил.
„Да продолжиме понатаму – ја изневерив, во тоа нема сомнеж. Успеавме да изградиме однос заснован на почит“, рече поранешниот тенисер.
Тој додаде дека по разводот имало тензии, но дека Барбара на крајот добила значителна финансиска компензација.
„Таа имаше моќ бидејќи јас бев негативецот. Доби убав чек и добар месечен надоместок“, изјави Бекер.
Денес Бекер живее во Милано со сопругата Лилијан, која е 22 години помлада од него, и нивната ќерка Зои. Од претходни врски и бракови има уште четири деца.
Забава
Тренинг што им се препорачува на жените по 40: го зајакнува телото и го подобрува расположението
Лекарите и експертите за фитнес препорачуваат физички тренинг како еден од најдобрите начини жените по 40-тата година да ја одржат мускулната маса, здравјето на коските и доброто расположение.
Во овој период од животот телото поминува низ бројни промени, па затоа е важно да се одржува физичка активност што ќе го зајакне телото и ќе помогне во зачувување на силата и рамнотежата.
Вежби што може да се прават и дома
Експертите советуваат дека не е неопходна теретана и дека може да се почне со едноставни вежби со сопствена тежина:
Чучњеви – ја зајакнуваат мускулатурата на нозете и задникот
Склекови (или модифицирани склекови) – ги активираат рацете, градите и трупот
Планк – ја зајакнува средишната мускулатура и ја подобрува стабилноста
Искачување на повисока подлога – помага за сила во нозете и рамнотежа
Кога телото ќе се навикне на овие вежби, може да се додадат и лесни тегови или еластични ленти.
Важни совети пред тренинг
Пред вежбање се препорачува кратко загревање, како брзо одење или неколку минути возење статичен велосипед.
Експертите советуваат вежбите да се изведуваат правилно и постепено да се зголемува оптоварувањето, за да се избегнат повреди.
Според лекарите, редовниот тренинг може значително да придонесе за подобра физичка форма, поголема стабилност и подобро расположение кај жените во средните години.
Фото: Depositphotos

