Контакт

Забава

Бар Рафаели осудена за затајување данок, мајка ѝ оди во затвор

Објавено пред

Поранешната девојка на Ди Каприо е осудена на девет месеци општествено корисна работа, а мајка ѝ Ципи мора да биде зад решетки.

dobivaj vesti na viber

Израелскиот супермодел, ТВ-презентерка и актерка Бар Рафаели (35) и нејзината мајка и модна агентка Ципи Левин (65) се осудени за затајување данок во родниот Израел, а убавата манекенка се појави на суд со бела заштитна маска на лицето.

Израелскиот суд ја осуди Бар Рафаели по четири точки на кривичното дело затајување данок, а сето тоа го наруши угледот на поранешната национална икона и амбасадорка на оваа земја.

Рафаели влезе во судот во Тел Авив со бела маска на лицето, што одговараше на нејзината бела блуза, долу носеше светлосини фармерки, а косата ѝ беше врзана во пунџа.

По неа, влегле таткото Рафи, мајката Ципи и адвокатите. Рафаели (35) и мајка ѝ ги признале кривичните дела за избегнување данок на приход од речиси 10 милиони долари, што таа ги заработила додека работела како модел во САД.

Ќерката и мајката потпишале спогодба со обвинителството поради затајувањето данок, врз основа на која ја прифатила вината со цел да избегне затвор, но мајка ѝ не можела да го заобиколи затворот.

Според договорот за признавање вина, Рафаели ќе издржува казна од девет месеци општествено корисна работа, а мајка ѝ Ципи е осудена на 16 месеци затвор.

Исто така, треба да ѝ платат глоба од 1,5 милион американски долари заостанат данок на државата.

Обвинителите велат дека убавицата криела десетици милиони долари заработка од израелската даночна администрација во текот на три години, од 2009 до 2012 година, кога таа живеела на релација САД – Израел и во време кога била во сериозна врска со холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (45).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Српската модна инфлуенсерка блесна во Венеција

Објавено пред

Венецискиот филмски фестивал е сè уште во тек, а парадата на славните личности на црвениот тепих е неизбежен аспект на овој настан.

dobivaj vesti na viber

Досега имавме можност да видиме креации кои го привлекуваат вниманието, но и такви кои се резервирани само за храбрите.

На црвениот тепих се појави и српската модна инфлуенсерка Тамара Калиниќ, a таа прошета во креација која привлекува погледи и воздишки.

Тамара одлучи да носи макси фустан во беж боја со цветни мотиви за посебната пригода.

Гламурозниот фустан се карактеризира со деколте во облик на срце кое ги нагласува градите. Целата креација е изработена од транспарентен материјал и открива многу за љубопитните набљудувачи.

Стајлингот го надополни со едноставна фризура, сребрени додатоци и шминка во земјени тонови кои ја истакнуваа нејзината природна убавина.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Поранешна манекенка сè уште без конкуренција: демонстрираше моќ на црвениот тепих

Објавено пред

Познатата манекенка Ева Херцигова прошета по црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал и во таа прилика повторно ги потсети сите на златното доба кога беше неоспорен владетел на модната писта.

dobivaj vesti na viber

Таа нè воодушеви и на Неделата на модата во Милано кога целиот свет имаше чест повторно да ја види познатата убавица на модната писта. Овој пат, таа ја демонстрираше својата моќ на црвениот тепих.

За појавување на толку гламурозен настан како што е Венецискиот филмски фестивал, Ева избра уникатен фустан и ги покажа своите модни вештини.

Кога сакате да бидете класични, елегантни и дефинитивно забележани, ќе изберете црн фустан, исто како Ева.

Таа позираше во долга црна креација со везени цветни мотиви на градите, но на таков начин што сè заедно изгледа совршено измешано и воопшто не кичесто.

Накитот „ја заврши својата работа“ и во овој случај, Ева имаше ефектни обетки и прстени, а посебен акцент стави на косата.

Таа го прошета познатиот ефект на мокра коса и покажа дека дефинитивно сè уште нема конкуренција.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Нивниот внатрешен глас ги води без грешка: овие хороскопски знаци ја слушаат само својата интуиција

Објавено пред

Тие имаат посебна моќ, внатрешен глас кој непогрешливо ги води без разлика на сè.

dobivaj vesti na viber

Интуицијата е способност да ја почувствуваме вистината дури и кога ги немаме сите факти. Некои хороскопски знаци имаат особено развиен внатрешен глас кој им помага да донесуваат одлуки кои подоцна се покажуваат како точни.

Риби
Рибите имаат силна врска со нивниот внатрешен свет и емоции. Нивната интуиција честопати им зборува повеќе од логиката, и ретко грешат кога ја слушаат.

Рак
Раковите ги чувствуваат емоциите на другите луѓе и лесно препознаваат кога нешто не е во ред. Нивната интуиција произлегува од нивната чувствителност и грижа за другите.

Шкорпија
Шкорпиите инстинктивно препознаваат скриени мотиви и лаги. Нивната способност да читаат меѓу редовите ги прави меѓу најинтуитивните знаци.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Нетанјаху ја одби посетата на Макрон на Израел по објавата дека ќе ја признаат Палестина

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли барањето на францускиот претседател Емануел Макрон да го посети Израел пред очекуваното признавање на...

Свет2 часа

Ким по средбата со Путин: Целосно ја поддржуваме Русија, тоа е наша братска должност

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе продолжи „целосно да ја поддржува“ Русија и нејзината војска како...

Европа2 часа

Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за...

Европа2 часа

(Видео) Португалија во шок по несреќата со жичницата, 15 мртви: „Се движеше со полна брзина“

Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во...

Македонија3 часа

(Видео) Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Вчера вечер ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата...

Свет15 часа

Путин: Ако Зеленски е подготвен за состанок нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи...

Свет16 часа

Калас: Во Пекинг се собра автократски сојуз кој го доведува во прашање меѓународниот поредок

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, денес изјави дека претседателите на Кина, Шји Џјингпинг, Русија, Владимир...

Македонија17 часа

Сиљановска наместо да ги брани државните интереси, повторно е мегафон на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уште еднаш покажа дека не е претседател на сите граѓани, туку гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините дневнополитички...

Топ17 часа

Прилепчанец фатен со 35 килограми марихуана: пред 20 дена излегол од затвор за трговија со трога

На регионалниот пат Битола- Прилеп денеска полициски службеници, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога,...

Македонија19 часа

Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување резолуција со црвени линии. Таа...

Свет20 часа

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат откога...

Македонија21 час

(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушувањето на Мицкоски, на новинари и на бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели,...

Македонија21 час

(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера...

Македонија23 часа

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола, ЦУК извести дека нема активни пожари

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор,...

Македонија23 часа

Георгиев до ЕУ: Не е можно да се промени договорениот европски консензус, очекуваме РСМ да ги исполни своите обврски

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да...

Топ24 часа

Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот...

Македонија1 ден

„Дали службите за безбедност и разузнавање под водство на кадри на СДС го следеле и прислушувале Мицкоски со знаење на обвинителот Коцевски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат. Разликата...

Македонија1 ден

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува...

Свет1 ден

Трамп му пиша на Шји: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, каде што Кина презентира ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа1 ден

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...