Контакт

Забава

Бибер: Не се дрогирам, болен сум

Објавено пред

Канадскиот поп-пејач, Џастин Бибер, откри дека му е дијагностицирана лајмска болест, како и дека изминатите неколку години за него биле многу тешки.
Не требаше многу време да помине кога беше снимен на улица во прилично лоша состојба, па да почнат шпекулациите дека канадската мегаѕвезда има проблеми со дрогата.

Но, 25-годишниот пејач објави на „Инстаграм“ дека за неговата лоша состојба не е одговорна дрогата, туку болеста.

„Неколку тешки години е со мене“, нагласи Бибер откривајќи дека докторите му дијагностицирале лајмска болест, но и дека со години страда од хронична вирусна инфекција.

Лајмската болест ја шират крлежите, а во почетокот болеста предизвикува осип, треска, главоболки и малаксаност. Може да доведе и до парализа на фацијалниот нерв, силни болки во зглобовите, тешки главоболки и срцева палпитација.

Дури и кога ќе се излекува, со месеци подоцна симптомите може повторно да се појават.

„Луѓето мислат дека сум на мета (мета-амфетамин), но не сфаќаат дека неодамна ми е дијагностицирана лајмска болест, а дека во претходниот период имав тежок случај
на мононуклеоза, која влијаеше на мозокот и на мојата целосна здравствена состојба“, наведе пејачот.

Тој додаде дека зема терапија и дека сè ќе открие во претстојниот документарец за својот живот, кој ќе се емитува на „Јутјуб“.

„Ќе видите против што се борам и победувам. Ќе се вратам подобар од кога било“, истакна Бибер.

Забава

Моника Белучи и во обичен црн фустан изгледа како жена од милион долари

Објавено пред

Моника Белучи годинава ќе наполни 56 години, но и натаму е на врвот на листата со најубави жени во светот. Италијанската актерка со години е поддржувач на кампањата „Сидакшн“, со која  од 1994 година се подига свеста за сидата.

Во склоп на акцијата редовно се организираат добротворни вечери на кои се собираат пари за лекување и истражување на оваа болест.

Моника уште еднаш ја изрази својата поддршка присуствувајќи на гала-вечерата организирана во прекрасниот павилјон „Камбон Капусинс“ сместен во срцето на Париз.

Познатата актерка носеше црн фустан и уште еднаш докажа колку вистина има во старата изрека, која вели дека помалку е повеќе.

Таа веќе две години е во врска со 19 години помладиот Николас Лефвр, со кого живее во Париз.

Прикажи повеќе...

Екологија

(Видео) Времето во Фолорида е толку студено што од дрвјата паѓаат смрзнати игуани

Објавено пред

Метеоролозите во Јужна Флорида во вторникот попладне објавија дека неверојатниот студ може да предизвика игуани да паѓаат од дрвјата, а потоа токму тоа и се случи.

„Ова сигурно не е обичен ден на Флорида. Ве предупредуваме, очекувајте ’дожд од игуани’!“, порачаа експертите.

И навистина, по оваа објава, тела на игуани лежеле расфрлани по земјата како да паднале од небо.

Всушност, во услови на постудено време игуаните едноставно престануваат да се движат. Тие стануваат неподвижни и поради тоа не можат добро да се држат на гранките.

Овие животни добиваат привремена парализа кога температурата ќе падне под 10 степени.

Биолозите им порачаа на жителите на Флорида да не се грижат затоа што игуаните ќе се разбудат веднаш штом ќе се стопли.

Прикажи повеќе...

Забава

Бред Пит ја одбил улогата на Нео во „Матрикс“

Објавено пред

Иконската акциона улога на Кијану Ривс, Нео во „Матрикс“, претходно му била понудена на Бред Пит.

„Ја испив црвената пилула!“ – Бред Пит откри дека ја одбил најпознатата улога на Кијану Ривс како Нео во блокбастер-трилогијата „Матрикс“.

„Јас навистина верувам дека таа улога не беше за мене“, рече Бред во интервју на маргините на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара неделава.

„Не е моја. Ова е за некој друг“, рече холивудскиот актер, пренесува Пипл“.

„Ја вратив улогата. Ја испив црвената пилула“, се пошегува тој алудирајќи на пилулата во филмот што му овозможува на Нео (главниот протагонист) да излезе од илузорната матрица и да се соочи со реалниот свет.

„Матрикс“ се снимаше од март до август 1998, така што можеше да дојде до преклопување со филмот Fight Club во кој глуми Бред, а кој почна да се снима на крајот на летото таа година.

Бред во средата ја доби наградата Maltin Modern Master Award и потоа продолжи да разговара со Малтин за својата кариера. Во еден момент од разговорот Малтин го натера Пит да открие дали имало улога или улоги што не ги прифатил.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Пендаровски: Посетата на Шарл Мишел уверува дека имаме силна поддршка на европскиот пат

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој престојува во работна посета на земјава. На...

Европа10 часа

Корона вирусот стигна во Европа, двајца заразени во Франција

Две лица се заразени со корона вирус во Франција, потврди тамошната министерка за АФП. Француската министерка за здравство, Агнес Бузин,...

Македонија13 часа

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Македонија13 часа

Еден месец притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за закани упатени кон новинарката Мери...

Македонија14 часа

(Видео) Милошoски: Не преговараме за законот за Јавно обвинителство без присуство на Јовески

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска,...

Македонија14 часа

(Видео) Дебата: Како во законот освен производителите, корист да имаат и консументите на канабисот

Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции,...

Македонија18 часа

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија18 часа

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија18 часа

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет21 час

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет21 час

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија21 час

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Свет1 ден

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Свет1 ден

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион1 ден

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија2 дена

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа2 дена

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија2 дена

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија2 дена

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија2 дена

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Досие