Контакт

Екологија

Би-би-си ќе ја следи климатската борба на Грета Тунберг во ТВ-серија

Објавено пред

Би-би-си ги објави плановите за телевизиска документарна серија која ќе ја следи младата климатска активистка Грета Тунберг.

Одделот за наука на Би-би-си соопшти дека ќе ја следи нејзината меѓународна борба, која ја води во првите редови на климатските промени во некои од најневеројатните делови на светот.

„Додека патува, Грета не само што се среќава со водечки научници туку и со политички лидери и деловни луѓе, истражувајќи научни докази со нив и поттикнувајќи на промени“, пренесува Би-би-си.

Документарната серија ќе го следи и растот на 17-годишната Тунберг додека се соочува со последиците од неактивноста во реалниот свет“, објави британскиот телевизиска куќа.

„Климатските промени се можеби најважниот проблем во нашите животи, па затоа е соодветно да се создаде серија во која се истражуваат фактите и науката што стои зад ова сложено прашање“, вели извршниот продуцент во студиото на Би-би-си, Роб Лидл.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

Часот на планетата Земја наместо на улиците, годинава ќе се одбележи со настан во живо на Инстаграм

Објавено пред

Часот на планетата Земја годинава ќе се одржи на 28 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 градови во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив е и Македонија.

Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.

На само еден ден до годинашниот настан, канцеларијата на ова светско еколошко движење во Македонија најавува големо „онлајн“ дружење за време на едночасовниот еколошки мрак.

Од таму велат дека на повикот за солидарност и обединување одговориле голем број пејачи и личности од македонската естрада, кои го прифатиле еколошкиот предизвик на заедничка онлајн дружба во сабота со почеток од 20:30 часот.

„Ги повикуваме граѓаните и сите наши поддржувачи да ни се приклучат на едно и полчасовниот спектакл на нашиот инстаграм-профил @earthhourmk, каде што ќе имаме можност заеднички да уживаме во настапите во мрак на нашите Некст тајм, ДНК, Антонија Гиговска, Иван Јованов, Огнен Здравковски, Теа Трајковска, а исто така ќе можеме да поразговараме и за климатските промени со Ване Марковски, Ирена Спировска, Татјана Алексиќ и многу други“, се наведува во најавата за настанот во која се додава дека „Инстаграм лајв“ сесијата ќе почне во 20 часот, додека светилките ќе бидат исклучени во 20:30 часот.

„Во овие тешки времиња, иако не можеме да се обединиме и испратиме порака од улиците, сè уште можеме солидарно да се обединиме насекаде ширум светот, од нашите домови. Сега не е време да се откажеме, туку можност да реагираме уште покреативно“, велат организаторите на настанот.

 

 

Прикажи повеќе...

Екологија

(Видео) Британец пливаше низ ледените води на Антарктикот соочувајќи се со многу опасности

Објавено пред

Британец пливаше низ ледените води на Антарктикот и се соочи со бројни препреки. Луис Пуг раскажува дека видел неверојатни глетки на својата експедиција и се нашол во многу опасни ситуации.


Откако ја надминал болката, неподносливо студената вода и се нашол во тунел полн со огромни сталактити, Луис Пуг бил опкружен со неверојатен спектар на бои, пренесува Си-ен-ен.

Никогаш порано не видел таква сцена. Пред него видел лепеза на бои кои се менувале меѓу тиркизна, сина, кралска сина, индиго и виолетова боја, пред да настапи целосен мрак.

Пуг го ризикувал својот живот потопувајќи се во студените води на Антарктикот, само во костим за капење.

„Мислам дека не сум видел нешто толку убаво, тоа беше само чиста боја“, вели Пуг, кој пливаше во некои од најоддалечените води во светот како амбасадор на Обединетите нации за животна средина.

„Исто така беше страшно… Боите беа прекрасни, но тие криеја темна тајна. Велам дека е тајна затоа што се чини дека луѓето го игнорираат тоа“, додава тој.

Прикажи повеќе...

Екологија

(Видео) Времето во Фолорида е толку студено што од дрвјата паѓаат смрзнати игуани

Објавено пред

Метеоролозите во Јужна Флорида во вторникот попладне објавија дека неверојатниот студ може да предизвика игуани да паѓаат од дрвјата, а потоа токму тоа и се случи.

„Ова сигурно не е обичен ден на Флорида. Ве предупредуваме, очекувајте ’дожд од игуани’!“, порачаа експертите.

И навистина, по оваа објава, тела на игуани лежеле расфрлани по земјата како да паднале од небо.

Всушност, во услови на постудено време игуаните едноставно престануваат да се движат. Тие стануваат неподвижни и поради тоа не можат добро да се држат на гранките.

Овие животни добиваат привремена парализа кога температурата ќе падне под 10 степени.

Биолозите им порачаа на жителите на Флорида да не се грижат затоа што игуаните ќе се разбудат веднаш штом ќе се стопли.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија37 минути

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Македонија2 часа

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Економија3 часа

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за...

Свет3 часа

Светот собори уште еден мрачен рекорд со Ковид-19: повеќе од 800.000 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус Ковид-19 во светот денеска надмина 800.000 потврдени случаи, посочува Ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“,...

Македонија4 часа

Владимир Талески осуден на 8 години затвор за проневера на 360 илјади евра

Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, на 8 години затвор...

Свет5 часа

(Видео) Индија и Пакистан ги претвораат возовите во мобилни болници

Националната железница во Пакистан ги претвори сите вагони од бизнис-класата во подвижни одделенија за пациенти со Ковид-19 додавајќи илјадници болнички...

Свет7 часа

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата од коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија7 часа

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар, кој преку „Мој термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19,...

Свет8 часа

Конјунктивитисот може да биде симптом на зараза со коронавирус

Американското друштво на офталмолозите ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитисот, познат како црвено око,...

Свет8 часа

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација сè уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не...

Свет9 часа

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово регистрирани се вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излекувале 165.659, покажуваат...

Македонија9 часа

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска, со почеток во 14 часот, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија20 часа

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија20 часа

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија20 часа

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија22 часа

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Македонија22 часа

Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле, 8 вработени и двајца пациенти имаат коронавирус

Заводот за рехабилитација во Козле ќе се затвори, откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на Ковид-19, информираше...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Пациентка која починала во струшката болница е тестирана за коронавирус

Викендов во струшката општа болница за коронавирус била тестирана пациентка откако починала. Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека пациентката...

Свет1 ден

Нетанјаху во самоизолација, негов соработник има коронавирус

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во самоизолација бидејќи негов соработник, пратеник, е позитивен на коронавирусот. Нетанјаху до утре треба...

Досие